Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: „Гарантирана цена” и за соковите, водата и пивото, пониска маржа за овошјето и зеленчукот, овозможуваме ценовна стабилност за заштита на животниот стандард
Македонија

Ковачевски: „Гарантирана цена” и за соковите, водата и пивото, пониска маржа за овошјето и зеленчукот, овозможуваме ценовна стабилност за заштита на животниот стандард

26/09/2023

AA

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на прес-конференција говореше за новите одлуки донесени на денешната владина седница, кои се однесуваат на намалување на цената на одделни производи во трговијата на големо и на мало. Со денешната Одлука на Влада на листата со „гарантирана цена“, влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Владата донесе и нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените во износ до 30%.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски.

„Како што ветивме и како што ве информиравме во текот на изминатиот ден списокот на производи со „гарантирана цена“, ќе се проширува.

Денеска ќе говорам за две нови одлуки на Владата со кои за одредени производи цените на производите треба да се намалат од 10% па до 30%.

Со денешната одлука на Влада на листата со „гарантирана цена“ влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.

Донесовме и нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените во износ до 30% за овие производи.

Кон мерката „гарантирана цена“, како општествено одговорни компании, самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода, и ова е за поздравување, бидејќи единствено со заедничко дејствување можеме сите заедно да придонесеме за економска стабилност на државата и пред сè што е најважно да ги заштитиме граѓаните.

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерство за економија, донесе нови одлуки за намалување на цените во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:
светло пиво и лагер пиво;
газирани и негазирани пијалаци, со исклучок на енергетски пијалаци;
минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.
Со оваа одлука, највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, се намалуваат за 10%.

Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за овие производи и на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”.

На денешната Седница донесовме одлука и за определување највисока трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и во трговијата со свеж зеленчук.

Највисоката трговска маржа за овошјето и зеленчукот за сите трговски друштва и трговци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ од 15%. Со ова очекуваме цената на овошјето и зеленчукот да се намали за околу 30%.

Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса.

Со претходната Одлука донесена на 19 септември ја намаливме цената на овошјето и зеленчукот за 10% во трговијата на мало, но по деталната анализа на Министерството за економија се увиде дека со намалување на маржата цените на овошјето и зеленчукот дополнително ќе се намалат и до 30% и затоа се донесени овие денешни одлуки.

„Гарантирана цена“ за сите овие производи важи до 30 ноември. Одлуката денеска ќе биде објавена во Службен весник и таа стапува на сила, веќе од утре.

Владата веќе овозможи 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, да се намалат за најмалку 10% во однос на цената која ја имале на 1 август. Намалувањата на цените тука се очекува да биде од 10-40% за одредени производи за што и веќе може да се увериме во маркетите ширум државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy