Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Да останеме обединети и повторно на вистинската страна од историјата, никогаш повеќе антисемитизам, ксенофобија и фашизам
Македонија

Ковачевски: Да останеме обединети и повторно на вистинската страна од историјата, никогаш повеќе антисемитизам, ксенофобија и фашизам

12/03/2023

AA

Одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија а во организација на Еврејската заедница на РМ и Фондот на Холокаустот на македонските Евреи, заврши со вечерен комеморативен настан во Националната опера и балет.

На настанот се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателот на Еврејската заедница РМ – Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Оваа јасна и категорична порака премиерот посочи дека ја упатува, бидејќи историјата исто како и сегашноста на Република Северна Македонија докажуваат дека е секогаш на вистинската страна на историјата како демократи, за кои никој не е и не може да биде повеќе или помалку важен.

„И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротивставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолеранција. Светот има потреба од гласноста на секој од нас, како народи, како држави, како луѓе- што поддржуваме, а што не поддржуваме. Што е правилно, а што погрешно.

Тоа определува во каков свет ќе живееме понатаму.

Тоа ја определува нашата заедничка иднина.“ – нагласи премиерот Ковачевски.

Затоа што, како што посочи премиерот Ковачевски и Холокаустот не почнал со концентрационите логори, туку почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Премиерот Ковачевски потсети дека на 11 март 1943 година, започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, кога 7.144 деца, жени, мажи, биле ограбени, избркани од нивните домови и насилно собрани во тогашниот, таканаречен скопски Монопол, за да бидат депортирани во логорот на смртта во Треблинка, како дел од над шесте милиони Евреи кои биле убиени во нацистичките логори во светот.

„За да осигураме безбедна иднина за генерацијата после нашата, сите денес мораме да покажуваме дека сме извлекле поуки од минатото. А тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеолигии, коишто водат кон фанатизам. Индиферентноста кон есктремизмот е соучесништво и е неприфатлива.

Овие вистини посебно, не смеат да подлежат на ревизионизам, тоа е рецепт за повторување на ужасните трагедии како Холокаустот.

А ние кои се сеќаваме сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас, за никогаш повеќе да не се повтори. Да не биде прекинат, со ужасно зло, ниту еден детски сон.“ – повика премиерот Ковачевски.

На вечерачниот настан во Националната опера и балет, се обратија и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, амбасадорка на Израел, Симоне Франкел, директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет – рабин Ендру Бејкер.

„Жртвите на Аушвиц-Биркенау, Треблинка и многуте други логори на смрта, не смеат да бидат залудни, тие невини еврејски животи нека бидат залог на подобар живот на лугето во целиот свет. Сите луѓе во светот имаат право да живеат во мир“, повика претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет – рабин Ендру Бејкер рече дека биле потребни децении за демократските држави од Западна Европа да ја признаат сопствената улога во Холокаустот, а денес, оние кои ја искривуваат историјата на Холокаустот, тоа го прават свесно и доброволно, за политичка целисходност. „Мора да ставиме крај на ова негирање и искривување“, порача рабинот Бејкер, посочувајки дека светот тоа го должи на жртвите на Холокаустот, но, уште повеќе на идните генерации.

Амбасадорката на Државата Израел во земјава, Симоне Франкел, нагласи дека Евреите во земјава, живееле мирен, заеднички живот со другите заедници во земјава, богат со култура, традиција и слобода да ја практикуваат својата религија, што и денес се случува.

„Денес, иако заедницата е мала, ужива во истата почит и соработка со Владата. Овој одлично организиран настан е пример за тоа. Сакам да изразам благодарност до Владата на Република Северна Македонија и до македонскиот народ за тоа што во секоја прилика изразуваат пријателски однос кон мојот народ и држава“, рече израелската амбасадорка Франкел

Обраќањата ги следеа пратеници во Кнесетот на државата Израел, претставници на еврејски заедници од странство, министри и други претставници на Владата на Република Северна Македонија, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници од Канцеларијата на претседателот на државата, претставници на дипломатскиот кор во земјава, претставници од универзитетите, од МАНУ, од правосудството, од други иституции во државата, претставници од парламентарни политички партии, други гости.

По обраќањата следуваше комеморативен филм за депортацијата на Евреите, а потоа и Комеморативен концерт изведен од Хорот на Националната опера и балет и од Филхармонијата на Република Северна Македонија.

Вечерашниот настан во Националната опера и балет е заокружување на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка со низа настани во коишто претставници на владиниот и државниот врв положија цвеќе и се обратија во сеќавање на жртвите од Холокаустот, со пораката да не се повтори „Никогаш повеќе“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy