Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илјадници Израелци уште еднаш протестираа против контроверзниот закон
Македонија

Илјадници Израелци уште еднаш протестираа против контроверзниот закон

12/03/2023

AA

Десетици илјади луѓе повторно протестираа во Израел против планираните реформи во правосудството, десетта сабота по ред. Протестите не покажуваат знаци на забавување, а во некои градови е забележан рекорден број учесници, јавуваат израелските медиуми.

Само во градот Тел Авив на улиците излегоа околу 145.000 демонстранти, а во Хаифа околу 50.000. Протести против контроверзната судска реформа се одржаа и во Ерусалим, Бершеба, Еилат и неколку други градови. Пред неколку дена, израелскиот претседател Исак Херцог за прв пат јавно проговори против плановите на десничарската влада.

Тој рече дека реформата во судството е грешка, дека е репресивна и дека ги поткопува демократските основи на Израел. Тој рече и дека е договорен компромис меѓу поддржувачите и противниците на реформата. Деталите за компромисот се уште не се познати на јавноста. Клучните елементи на реформата би можеле да поминат на последното гласање во парламентот следната недела, објавија израелските медиуми.

Според плановите на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, парламентот ќе може да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство. Дополнително, политичарите ќе добијат поголемо влијание врз назначувањето на судиите. Критичарите го гледаат тоа како закана за демократската поделба на власта и стравуваат дека реформите би можеле да му овозможат на Нетанјаху да избегне осуда во неговото судење за корупција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Тешко вечерва да биде изгаснат пожарот кај Чаниште, долга

18/08/2026
Македонија

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора

18/08/2026
Македонија

Пожарот во Мариово е најголем во државата, критична ноќ за

18/08/2026
Македонија

Намален протокот на вода во Тетово, има дефект на водоводот

18/08/2026
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45098
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Русите почнаа да тестираат вакцини против рак

22/06/2025

Во Русија започна клиничко испитување на нова вакцина против рак. За истражувањето беа регрутирани 48 волонтери, а досега се регистрирани

„Запомнете, сè уште има многу преостанати цели“: Трамп објави дека не завршил со нападите врз

22/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека целта на нападот врз Иран е да се уништи

Иран: Започна одмаздата против Израел – црн чад над Тел Авив

16/06/2025

Иран потврди дека започнал со одмазда против Израел, објави државната новинска агенција ИРНА. Иран испали стотици различни балистички ракети кон

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy