Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски – Бербок: Нова конкретна поддршка од Германија за следниот исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите
Македонија

Ковачевски – Бербок: Нова конкретна поддршка од Германија за следниот исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите

23/03/2023

AA

Германија стои до Северна Македонија за следниот исчекор на нашата држава во европските интеграции. Притоа е изразено очекување дека ова стратешко прашање за државата и за регионот ќе биде во преден план на сите политички субјекти во земјава. Ова беше истакнато на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок.

Како што информира владината Прес-служба, на средбата е истакнато долгогодишно искрено и силно македонско-германско пријателство и партнерство во 30-те години од воспоставувањето дипломатски односи, што се навршуваат оваа година.

– Нагласено е дека е од суштинска важност за севкупниот геополитички контекст, целиот регион да продолжи да се движи на патеката на евроинтеграциите. И во таа насока е поздравена улогата на премиерот Ковачевски и на Република Северна Македонија, како фактор на дијалогот и стабилноста во Западен Балкан, се вели во соопштението.

Премиерот Ковачевски го поздрави доаѓањето на министерката Бербок во уште еден важен момент за Република Северна Македонија.

– Направивме историски исчекор и ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ, во јули 2022 година, што означи почеток на квалитативно нова фаза во односите со Европската Унија, по 17 години од стекнувањето кандидатски статус и по бројните предизвици на патот кон полноправно членство во ЕУ, со активната поддршка на Германија, којашто особено беше клучна за време на германското претседателство со ЕУ во 2020 година. Денес таа поддршка повторно ја имаме и е од големо значење затоа што Германија ужива голема репутација и длабока почит меѓу нашите граѓани, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата посочи и на значењето на соработката со Германија на економски план, со оглед дека Германија е прв трговски партнер на Северна Македонија во последните години, петти странски директен инвеститор во земјава, во којашто работат околу 200 германски компании, дека 45 проценти од вкупниот македонски извоз оди во Германија, како и дека големата македонска дијаспора во Германија е уште еден цврст мост во меѓусебната соработка.

На состанокот е поздравена и 100-процентната усогласеност на надворешната политика на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Премиерот Ковачевски рече дека Северна Македонија е подготвена и како претседавач со ОБСЕ да придонесе во процесите за поголема стабилност во севкупната европска безбедност.

– Политиката на проширување најдиректно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, оцени премиерот Ковачевски.

На средбата е истакнато и значењето на Берлински процес како движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво и како иницијатор на акционите планови за Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Зелената агенда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy