Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски бара опозицијата да биде дел од уставните измени, Мицкоски порачува дека промена на Уставот нема да има
Македонија

Ковачевски бара опозицијата да биде дел од уставните измени, Мицкоски порачува дека промена на Уставот нема да има

19/03/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Охрид повторно ги повика опозициските партии да делегираат свои луѓе во работна група за уставни измени во која што ќе учествуваат експерти по уставно право формирана во Министерството за правда нагласувајќи дека сите треба да учествуваат во носење на одлуките важни за нашиот европски пат. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така од Охрид, рече дека уставни измени во овој пратенички состав и во овие околности нема да има.

Ковачевски рече дека тој не е политичар дојден да убедува или да разубедува некого за нешто, бидејќи сите треба да имаат јасна визија и одговорност во однос на одлуките коишто треба да се носат. Тој израи надеж оти и во опозицијата постои демократски капацитет, постојат луѓе коишто веруваат во европската иднина на државата.

– Постојат одлуки коишто се стратешки за државата, коишто сите политички партии треба да ги поддржат. Тоа низ примери на други држави е многу јасно направено во минатото. Еве да го земеме само примерот на Хрватска, или да го земеме примерот на Словенија коишто исто така носеа стратешки одлуки со широк државен консензус којшто не биле дел од дневната политичка дебата којашто се водела во тие општества и затоа брзо и квалитетно пристапиле кон Европската унија, вели премиерот.

Премиерот Ковачевски посочи дека уставните измени се процес којшто е пропишан согласно со Закон и Устав во нашата држава и дека сите треба да учествуваат во носењето на овие одлуки, вклучително и опозицијата.

– Во рамки на Министерството за правда е формирана работна грпа за уставни измени во која што ќе учествуваат експерти по уставно право, меѓутоа во која што ќе бидат повикани и експерти од опозициските партии да земат учество исто како што на првиот ден од отпочнување на преговорите во првата фаза на скринингот беа повикани претставници од опозицијата да учествуваат во сите работни групи, истакна Ковачевски.

Како што рече не е доволно само декларативно да се поддржува одредена цел, туку треба со чекори, со одлуки, со одлучност да се настапи и да се обезбеди европска иднина за сите наши граѓани.

Советот за стабилизација и асоцијација на вчерашниот состанок во Скопје, како што потсети Ковачевски, испрати многу јасни пораки за тоа дека нашата држава напредува во процесот на европските интеграции.

– Секако дека секоја држава која што пристапува кон ЕУ на тој пат има обврски коишто треба да ги исполни. Една од обврските која што е пред нас е секако усвојување на уставните амандмани коишто се дел од преговарачката рамка и коишто се само една од одлуките коишто треба да се носат со две третини во Собранието. Пред нас ќе има и други одлуки коишто се носат со две третини во Собранието, а тоа се однесува на реформи во владеење на правото, реформи во владеењето на демократските институции, реформи на јавната администрација, како и Акцискиот план за унапредување на малцинските права коишто и во моментов кај нас е на највисоко можно ниво споредувано со која било друга држава во Европа, рече Ковачевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој беше исто така во Охрид, изјави дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тој ова го кажа во коментар во однос на најавата на Владата за формирање на работни групи за подготовка на текстот на амандманите на Уставот.

– Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Предупредивме дека за тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет, туку и не можат физички да го поминат. Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека е друго време дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека од власта доаѓале најави дека процесот на уставни измени ќе започне во септември-октомври 2022, а кога тоа не се случи потоа како темин најавувале кон крајот на годината во декември, па потоа во февруари, а сега го префрлаат тежиштето на мај-јуни.

– Тоа нема да се случи ниту во мај, ниту во јуни, затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток. Создадоа проблем кој што не можат да го решат, создадоа проблем кој што сите ние го имаме и ако продолжат дополнително да го комплицираат ќе се треснат сите во една мртва улица, но за жал тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава. Но, јас еве ви ветувам дека за сето ова што го прават ќе има и одговорност, веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата, изјави Мицкоски.

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во петокот по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, порача дека иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во рамките на ЕУ, бидејќи само заедно сме доволно силни да се соочиме со предизвиците на тешкото геостратешко опкружување, а за да стигнеме во Унијата треба да продолжиме да одите напред и како држава и како општество.

– Да се оди напред значи да се продолжи со усвојување и имплементирање реформи коишто воведуваат европски стандарди и коишто носат конкретни политички и економски поволности за луѓето тука, истакна Борел на заедничката прес-конференција со премиерот Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Борел потенцира дека одењето напред подразбира и подобрување на односите со соседи, во кој пакет спаѓа и да се создадат услови за усвојување на уставните измени.

Според него, оваа година е клучна по договорот од јули минатата година, кога, како што рече земјава ја доби „најдобрата зделка што можеше да ја добиете“ и не е реално да се очекува повторно отворање и преговарање за Преговарачката рамка.

– На нејзина основа вашата иднина е во ЕУ. Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека, додаде Борел.

Високиот претставник Борел, одговарајќи на новинарско прашање дали во комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ ја поттикнува да даде поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, рече дека „не сум само оптимист, туку и активист“.

– Мислам дека мора да работиме за нештата да се случат. Северна Македонија се обврза дека ќе го смени својот Устав, во него да ги вклучува граѓаните кои живеат во границите на државата и кои што се дел од други националности, како што се Бугарите, изјави Борел.

Според Борел, ништо од тоа не е чудно, посочувајќи дека и најмладата земја членка на ЕУ – Хрватска во својот Устав има најмалку 22 различни заедници.

– Мислам дека вашата држава веќе дава одличен пример на мултиетничко општество. Поради тоа промената на Уставот само понатаму ќе ги унапреди основните права и не се сомневам дека со тоа ќе се зачува македонскиот идентитет, а истовремено и ќе се напредне процесот на пристапување, рече Борел.

Борел, уште еднаш нагласи, дека нашиот идентитет не е загрозен со пристапувањето во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy