Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно советник на премиерот да стане уставен судија
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно советник на премиерот да стане уставен судија

17/02/2026

AA

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кој вели дека бил советник на тројца претседатели.

– Во уставното судство има неколку типа судии, кои имаат различен пристап во толкувањето на самиот Устав. Има такви кои ги викаме рестриктивисти кои директно се држат до словото на текстот на Уставот, текстуалисти – механички го толкуваат Уставот, но има и судии што го толкуваат во неговата најширока можна смисла и јас сум дел од тие судии. Кога доаѓаат луѓе од академијата како што е од факултетот, тоа за мене е добра вест за уставното судство. Во однос на тоа што бил советник на премиерот, јас бев советник на тројца македонски претседатели. Извршувањето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Дали бил советник на премиер или јас на тројца претседатели, нема никакво значење. Нашата работа се цени токму во оваа сала. Јас повеќе пати имам кажано и сите мои шест досегашни книги се посветени на лојалноста кон Уставот. Лојален сум на Уставот и никому друг. И тоа го очекувам и од новиот колега доколку биде избран, и од другиот што треба да биде, и од досегашните судии – рече тој.

За предлогот на ДУИ да има Бадентер и во Уставниот суд, Костадиновски истакна дека Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи какво што е Собранието каде се носат, изменуваат и дополнуваат законите.

– Јас веќе го имам кажано мојот став околу оваа прашање. Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи какви што се Собранието каде се носат законите, каде се изменуваат и дополнуваат законит. Уставниот суд не е политички орган. Доколку се примени Бадентер во Уставниот суд, тоа ќе значи дека неправни туку друг тип расудувања ќе одлучуваат за уставноста и законитоста и за слободите и правата на човекот и граѓаните. Такво нешто нема никаде во светот. И затоа бев малку поостар во смисла дека ако такво нешто се случи, подобро е оваа институција да стави клуч и нема потреба од постоење на оваа институција, ако нешто такво се предвиди тука. Значи, законите и нивната примена значат гаранции за слободите и правата на секој еден граѓанин, и на немнозинските заедници. Тоа е смислата на Бадентеровиот принцип. Ако мене ме прашувате лично, јас сметам дека Бадентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет, затоа што други критериуми се. Кога имате Бадентеров принцип, нема правни аргументи. Друг тип на аргументи ќе пресудуваат за одлуките – истакна тој.

За Законот за употреба на јазиците, Костадиновски рече уште е во сила заклучокот дека треба да има подготвителна седница.

– Очекувам многу брзо да се комплетира Уставниот суд и веднаш на првиот работен состанок ќе се отвори прашањето, природно. Ние имаме заклучок дека подготвителна седница треба да се одржи. Тој не е сменет. И никој од судиите не побарал да се смени. Кај нас одлука носат пет гласа. Можеби некој судија ќе рече дека нема потреба за подготвителна седница, па тој предлог ќе оди на гласање. Сега во моментов, сѐ уште е во сила заклучокот дека треба да се одржи подготвителна седница и треба да се одржи, ако јас се прашувам, бидејќи беше мој предлог. Зашто е добро? За таа подготвителна веќе имаме донесено став, ќе се снима во живо, секој еден граѓанин ќе може на својот телефон да види за што ние расправаме во суштина – рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски апелира граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации.

– Многу ми е битно граѓаните да слушнат за што всушност ние зборуваме, дека нашите одлуки не се страшила. Дали се случи нешто страшно со Балансерот со нашата одлука? Сега ќе има законско решение. Пред тоа беше уредено со подзаконско решение. Уставна материја операционализирана со подзаконски решенија. Не постои такво нешто. Уставните определби се операционализираат со законски решенија, а законските со подзаконски. Верувам дека тој закон ќе биде подобар. Штом го поминал и филтерот на Венецијанската комисија, барем според јавно достапните информации.  Треба да престанеме да глумиме владеење на право и да глумиме правна држава. Или сме правна држава, или владее правото, или за 10 години ќе се чудиме повторно како ќе се најдеме – рече тој.

Во однос на барањето на албански студенти правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Костадиновски нагласи дека не сака да прејудицира нешто и ќе се воздржи од коментар на оваа тема кога има предмет за Законот за употреба на јазиците.

Според Костадиновски, линеарното зголемување на пензиите, начелото на јавност во судството, Законот за потрошувачите, нерезидентните, глобалниот данок… се дел од предметите кои се од повисок општествен интерес.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот докажа дека нашиот менталитет може

17/02/2026

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека пред судот се веќе формирани четири предмети поврзани со системот „Безбеден

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

17/02/2026

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА Д-Р ВАСЕВ И НА НУХИ

17/02/2026

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy