Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Годишната програма е донесена на најпрофесионален начин, транспарентно и професионално
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Годишната програма е донесена на најпрофесионален начин, транспарентно и професионално

13/02/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, појасни дека комисиите најпрофесионално и најодговорно ја разгледуваа секоја апликација при одлучувањето за Годишната програма.

– Категорично ги отфрлам оние квалификации со кои се обвинува за клиентeлизам, како и оценките дека Годишната програма за 2024 во културата е најлоша – рече Костадиновска-Стојчевска, која истакна дека комисиите се составени од истакнати личности, секој во својата област, кои на највисоко ниво ја завршија својата работа.

– Секоја апликација е разгледана и оценета најпрофесионално. Јавното деградирање на комисиите е веројатно со цел никој повеќе да не се нафаќа да одлучува за Годишната програма, и оди во прилог на минатото време, кога беше објавуван само списокот на одобрени проекти, без никакви образложенија – истакна Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи дека од 2017 година имињата на комисиите и доделената сума за поддршка транспарентно и отчетно се соопштуваат.

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

– Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани − наведе министерката за култура за поддршката на „Рациновите средби“, истакнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја намалат традицијата и покрај критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека традиционалната поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција, меѓу кои се и: „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други.

За проектот за реконструкција на Универзалната сала, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека е обезбедено тригодишно финанисирање, за да не се дозволи каков било застој до конечното отворање на обновениот објект.

– Универзална сала е завршен процес. Презедовме сѐ од Град Скопје, заедно со тендерирана постапка за Прва фаза“, истакна министерката за култура.

Во интервјуто за „24 анализа“, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека Министерството за култура рамномерно вложува во културата, а тоа го покажуваат и капиталните дотации кон локалните самоуправи, отфрлајќи дека постои фаворизирање одреден град или одредена културна сцена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy