Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Достојно го поддржуваме Вевчанскиот карневал, остануваме чувари на македонската традиција и култура
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Достојно го поддржуваме Вевчанскиот карневал, остануваме чувари на македонската традиција и култура

09/01/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се обрати на прес-конференција по повод претстојното издание на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, која од 12 до 14 јануари ќе се одржи во Вевчани.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека Министерството за култура го препознава значењето на Карневалот како нематеријално културно богатство и достојно во континуитет вложува во неговиот развој.

„Пред неколку денови со градоначалникот на Општина Вевчани, Кочовски, склучивме Договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денери. Седумдесет отсто од сумата Министерството за култура веќе ја префрли на сметката на Општината пред почетокот на Карневалот, со цел негова ефикасна реализација. Ја препознаваме вредноста на Карневалот, неговата автентичност како чувар на македонската традиција, култура и историја и како еден од најголемите наши амбасадори во светот“, рече министерката за култура.

На прес-конференцијата се обратија и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, и промоторот на манифестацијата, познатиот шоумен Игор Џамбазаов, кои рекоа дека Вевчанскиот карневал е гордост за Вевчани, но и за целата држава.

„Само вака можеме да покажеме дека заедно се грижиме за културното наследство, дека продолжуваме да ги негуваме обичаите што ги претставува Вевчанскиот карневал затоа што со поддршка на Карневалот, кој претставува културна туристичка атракција од овој регион, го поддржуваме иновативниот дух на Вевчани. Морам да кажам дека едвај го чекам и почетокот на самиот Карневал и во исчекување на тоа ново издание на репертоарот од маски, на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, на глупиот Август, како и на новите сатирични коментари кои се здрав коректив на општеството“, посочи министерката.

И годинава манифестацијата ќе биде придружена со богата музичка програма, која почнува на 12 јануари вечерта, а ќе настапат: диџеј Ампов, Јанг Деди, како и Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, а концерт ќе одржи и популарната група „Нокаут“. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе настапат „Акустик бенд“, Наум Петрески и Оркестарот на тапани и зурли од Вевчани и на крајот Перо Волк и Коки Биоритам. Карневалот завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy