Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадинов: На претседателските избори ќе се повтори резултатот од претходните со победа на Пендаровски
Македонија

Костадинов: На претседателските избори ќе се повтори резултатот од претходните со победа на Пендаровски

22/02/2024

AA

Очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори, каде што, нормално победа, ќе извојува кандидатот на СДСМ, истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.

Костадинов додаде дека изборот на претседателскиот кандидат е во фаза на номинации, треба да помине низ внатрепартиските тела и органи на СДСМ.

Треба да имаме посебен конгрес за кандидат за претседател на државата, рече Пендаровски додавајќи дека таму ќе се разгледа предлогот на раководството за кандидатура на актуелниот претстедател на државата Стево Пендаровски.

Костадинов истакна дека Стево Пендаровски во неговиот мандатот покажа дека има капацитет да придобие гласови од албанскиот електорат и од страна на македонскиот електорат и од страна на сите други заедници коишто функционираат во државата.

Затоа, не гледам причина зошто Стево Пендаровски не ја добие потребната поддршка од коалиционите партнери и генерално од целото мнозинство, нагласи Костадинов.
Останува да дојдат изборите и да видиме, мојот став е дека ќе ни се случува реприза на претходните претседателски избори, нагласи Костадинов.
Во врска со уставните измени, Костадинов истакна дека доколку сите партии се согласни дека државата треба да се интегрира во ЕУ, тоа е прашање што би поминало со консензус.

За жал, колку и да преовалдува Европа, ЕУ во наративот на ДПМНЕ не гледаме на дело дека навистина постои спремност за тоа што значи стратешки интерес на државата. Сметам дека ДПМНЕ уште од сега треба јасно да го каже својот став, што по однос со уставните измени, што со предлогот и што со нивното најголемо ветување од претходните избори а тоа е поништување на Преспанскиот договор, обезбедување подобар Преспански договор, дури и враќање на името. Важно е за државата, ако ги ставаме на пиедестал потребите на граѓаните, а тоа е интеграција во ЕУ чесно да им одговориме уште од сега, што со овие за СДСМ затворени прашања, за ДПМНЕ воопшто незатворени, истакна член на ИО на СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy