
Костадинов до жителите на Струмица: Не паничете ако приметите интервенции, ќе реализираме вежби за евакуација на училиштата!
Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов апелира до граѓаните на општина Струмица да не создаваат паника доколку приметат невообичаени случувања или интервенции на терен бидејќи ќе станува збор за вежби и симулации.
„Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.
Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно“, вели Костадинов.
