
КОСТА И УРОШ ОДЕЛЕ НА ИСТОТО СТРЕЛИШТЕ: Можно е и да се сретнале!?
Момчето К.К. (13) и У.Б, кои ги извршија масовните убиства во Белград и Младеновац, вежбале пукање на истото стрелиште „Партизан“ во Белград. Истражителите не ја исклучуваат можноста во одреден момент дури и да се сретнале на тоа стрелиште, а можеби и да се запознале! Истражителите најпрвин утврдиле дека таткото на момчето, В.К., го носел на стрелиштето „Партизан“, а набргу потоа било откриено дека У.Б. во повеќе наврати вежбал пукање на истото место.
Сопственикот на приватното стрелиште „Партизан“, во кое почесен член беше таткото на момчето, на рочиштето негираше дека момчето некогаш пукало во неговиот објект. Кога од него побарале снимки од безбедносните камери од стрелиштето, сопственикот рекол дека камерите не работат подолго време. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.