Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Косово се изрезили со Андора, Шкотска ја урна Шпанија, а Ковачиќ ја освои – Турција (ВИДЕО)
Спорт

Косово се изрезили со Андора, Шкотска ја урна Шпанија, а Ковачиќ ја освои – Турција (ВИДЕО)

28/03/2023

AA

Соседно Косово се изрезили вечерва против „пацерот“ Андора, па одигра само 1-1 во Приштина во второто коло во евроквалификациите, во кои екс-европскиот првак Шпанија загуби од Шкотска, а ѕвездата на Челси, Матео Ковачиќ со два гола ја освои Турција за да ѝ донесе прва победа на Хрватска во овој циклус.

Иако Косовците имаат одличен тим со низа ѕвезди од Рахмани, Рашица, Муричи, Бериша, Војвода, северните соседи доживеаа бламажа како своевремено Македонија, со само реми на домашен терен против слабата Андора и уште на старт си ги искомпликуваа амбициите за висок пласман, па и борба за првите две позиции со второто реми во низа.

Едон Жгерова, кој влезе на стартот на вториот дел ја проби Андора со гол после безмалку еден час мачење, но само две минути се радуваа Косовците, зашто Берто Росас израмни во 61-та минута и до крајот Андорците успеаа да се одбранат.

Косово со два бода, сега веќе заостанува четири по две кола од Швајцарија која го здроби Израел со 3-0 и Романија која вечерва славеше со 2-1 против Белорусија.

Голема победа слави Шкотска, втора за нив во овој циклус за максимални шест бода, откако после триумфот со 3-0 против Кипар, сега ја победија Шпанија на „Хампден парк“ во Глазгов и тоа благодарение на брилјантниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Скот Мектомини.

Фудбалерот за врска даде два од трите гола пред три дена против Кипарците, а сега им даде уште два на Шпанците, прво во седмата, а потоа и во 51-та минута од мечот, па како по обичај за „фуријата“, џабе им беше безмалку 70-те отсто посед на топката.

Шкотска во оваа група сега е прва по две рунди со максимални шест бода, Шпанија со три е втора, Грузија и Норвешка се со по еден, а Кипар кој беше слободен е без бод од еден меч.

Турција имаше три шанси во воведните десетина минути од дербито со Хрватска, но Матео Ковачиќ ги заледи сите во Бурса во 20-та минута, а четири минути во судиското надополнување и ги потопи Турците со втор гол, во две акции на Марио Пашалиќ, за бронзената селекција од Катар да ја запише првата победа, откако останаа без три бода во Сплит пред три дена со примен гол буквално секунди пред крајот за реми со Велс (1-1).

Се обидуваа Турците да се вратат, направија низа можности, но или Доминик Ливаковиќ бранеше или домаќините лошо реагираа во завршницата, па не дојдоа ни до шанса да се понатеваат на бод. Велс ја победи Летонија со 1-0 и сега Хрватска и Велс се лидери со по четири бода, Турција е на три, а Ерменија и Летонија без бодови.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy