Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески именуваше олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово за надминување на административните бариери кои го кочат бизнисот
Економија

Азески именуваше олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово за надминување на административните бариери кои го кочат бизнисот

29/03/2023

AA

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ги именуваше своите советници од кабинетот д-р Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска за модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји.

Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30.03.2023 година во Скопје и ќе се одвива во утврдена динамика, со цел што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји.

Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати.

Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово.

Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што тоа може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Северна Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина.

За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот  како просперитетен иден политички и економски партнер.

Обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП.

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy