
Косово отвора летeн граничен премин со Македонија
Косово отвора летен граничен премин со Македонија.
Ова го објавија косовските власти кои истакнаа дека граничниот премин Растелица – Стразимир на границата со Македонија ќе биде отворен од 25 јули до 25 септември.
Според информациите, граничниот премин, кој се наоѓа во југозападниот дел од земјата, ќе работи секој ден од 8:00 до 20:00 часот (локално време), со цел „да се олесни преминот на граѓаните на двете земји за време на прометната летна сезона“.
