Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Законот за соодветна и правична застапеност во октомври пред Венецијанската комисија
Македонија

Законот за соодветна и правична застапеност во октомври пред Венецијанската комисија

23/07/2025

AA

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера испратил писмо со кое побарал итно мислење од Венецијанската комисија на Советот на Европа за нацрт-законот за соодветна и правична застапеност на Република Северна Македонија.

Според најавите, мислењето ќе биде доставено за усвојување на 144-та пленарна седница на Венецијанската комисија, која ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2025 година во Венеција, дознава 4NEWS.mk

Со ова барање, Владата сака да обезбеди експертска проценка од европските правни советници за клучното законско решение, кое се однесува на унапредување на принципот на правична застапеност на сите заедници во државата.

Според Мицкоски, предлог-законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Тој вели дека со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, како на државно така и на локално ниво. Како што појасни Мицкоски, предлог-законот ќе биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура.

Законот, рече Мицкоски, е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени,но истовремено во таков процес тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници.
На прес-конференцијата со Мицкоски беше и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, кој рече дека овој предлог-закон претставува историски момент.

„Овој предлог-закон претставува историски момент бидејќи за прв пат правичната и соодветна застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасна цел односно законско решение. Предлог-законот гарантира еднаква пристапност во вработување и унапредување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но и обезбедување вработувањето и унапредувањето да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец“, рече Меџити.

Регулативата произлезе откако Уставниот суд го укина Балансеротшто беше алатката за вработување според етничката припадност во државните институции.

Од ДУИ со остра реакција за предложениот закон велат ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy