
Кошмарен ден за „Гробари“: По фудбалерите загубија и кошаркарите на Партизан!
Тоа беше дуел од 25. коло од најсилното клупско европско натпреварување, во кој како клучна се покажа серијата од 10-0 на гостинот од Истанбул на стартот од последниот период. Со тоа, тие го презедоа водството (85-78) и до крај не го испуштија. Гудуриќ со 25 поени беше најпрецизен кај Фенербахче, додека Пантер со исто толку поени беше најефикасен кај Партизан.
Турците со овој триумф дојдоа до скор 15-9 и пласман на четвртото место на табелата, додека црно-белите „паднаа“ на 13-12 и осмата позиција, која последна води во плејофот.