Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коридор 8 се гради со забрзана динамика: Клучните делници во фокус
Македонија

Коридор 8 се гради со забрзана динамика: Клучните делници во фокус

23/04/2026

AA

Инфраструктурните проекти поврзани со Коридор 8 се реализираат со засилена динамика, како во делот на автопатската, така и во делот на железничката мрежа, соопштија надлежните на состанок посветен на напредокот на работите.

Вицепремиерот истакна дека изградбата на железничката линија кон Бугарија ќе биде завршена во предвидениот рок, согласно постигнатите договори меѓу двете земји. Според него, во тек се подготовките за нов тендер за третата фаза од проектот, која ја опфаќа делницата од Крива Паланка до заедничкиот тунел.

Тој посочи дека очекува градежните активности на оваа делница да започнат во текот на летниот период, додека рокот за целосна реализација на железничкиот дел од македонска страна останува 2031/2032 година. Во однос на соработката со Бугарија, беше нагласено дека двете страни треба да работат со усогласена динамика.

За тунелското поврзување, беше истакнато дека ќе продолжат активностите таму каде што претходно застанале разговорите со бугарската страна.

Во западниот дел на Коридорот 8 се планира значајна реконструкција на железничката линија од Скопје преку Јегуновце и Гостивар до Кичево. За делницата кон границата со Албанија постојат планови и политичка волја, но, како што беше нагласено, неопходна е и истоветна посветеност од другата страна.

Според проценките, изградбата на делницата од Кичево до границата со Албанија би чинела околу 2 милијарди евра, што претставува значителна инвестиција во однос на годишните капитални проекти.

Во делот на патната инфраструктура, се истакнува дека автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани се градат согласно предвидената динамика. Дополнително, во завршна фаза е изборот на изведувач за автопатот Кичево–Букојчани, како и за делницата Скопје–Блаце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy