
Кореа му пресуди на Бетис за четврти триумф по ред на Атлетико (ВИДЕО)
Бетис се покажа како тврд противник, иако Атлетико беше подобра екипа на теренот, а конечно одбраната на гостите ја проби Кореа во 86. минута кога го постигна единствениот гол на натпреварот.
Екипата на Диего Симеоне е трета со 54 бодови, односно пет помалку од Реал Мадрид, додека лидер е Барселона со 71 бод.
Вилјареал претходно беше подобра од Реал Сосиедад со 2-0 и така остана во игра за пласман на позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

