Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Координатор ќе добива поголема плата од министрите во Владата
Економија

Координатор ќе добива поголема плата од министрите во Владата

22/03/2024

AA

Мартин Попов, поранешниот шеф на кабинетот на екс премиерот Димитар Ковачевски, како национален ко- ординатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, назначен од јануари, ќе добива поголема плата и од самите министри, по измената на Законот за плата на избрани и именувани лица и одлуката донесена во вторникот за утврдување на коефициентите за пресметување на платата на функционерите.

Иако со последната одлука, останатите 13 национални координатори во Владата ќе добиваат по по 2,87 просечни плати од 2023, Попов е единствениот кој ќе добива 3,4 просечни плати. Познато е, платата на функционерите се формира така што основицата која ја претставува просечната плата во минатата година се множи со коефициентот. Во 2023 година просечната плата беше 36.614 денари. На објавената листа има 157 функционери чија плата треба да биде предизборно намалена.

Тоа значи дека Попов ќе добива околу 2.000 евра месечна нето плата. Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи итн.

Претходно, кон крајот на февруари, по шест месеци од првичната најава, во македонскиот парламент беа изгласани законски промени со кои се намалуваат коефицентите со кои се врши пресметување на платите на функционерите во земјава. Премиерот Талат Џафери ќе има 3,92 просечни плати, наместо 4,5. Платата на вицепремиерите се намалува од коефициент 4 на 3,48. Министрите и генералниот секретар на Владата, функција која сега ја извршува Методија Димовски, наместо 3,7 ќе добиваат 3,22 просечни плати како месечен приход, што би изнесувало нешто помалку од 2.000 евра.

Поголема плата од министрите ќе добива и директорот на Агенцијата за национална безбедност, на чие чело сега е Зарко Милошевски, а неговата (3,48), според основната проекција треба да изнесува најмалку 2.100 евра. Тука се и членовите на Инспекцискиот совет (3.4). Добро платен (околу 1.900 евра) и натаму ќе биде прилично непознатата функција на „главен ревизор на телото за ревизија на инструментот за претпристапна помош“, што алудира на контрола на парите кои ги добиваме од ЕУ.

Високи плати и натаму ќе добиваат директорот и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот (3,13 и 3,05). Тоа значи дека соседите од Студеничани – Зулфи Адили и Сами Рушиди ќе имаат плати од околу 1.900 евра. На истото ниво е и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (Јован Деспотовски).

Со донесената одлука, која веќе е објавена во Службен весник, од директорите на органите во рамки на министерствата, најмногу ќе добиваат оние кои ја водат Управата за јавни приходи, Финансиска полиција, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Бирото за јавна безбедност и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам – околу 105.000 денари.

Истата висина на плата со коефициент 2,87 ќе ја добиваат директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Центарот за управување со кризи, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Агенцијата за стоковни резерви, Агенцијата за лекови. Толку платен ќе биде и првиот човек на Агенцијата за нафтени резерви и на претседателот на телото за испитување на воздухопловни несреќи и инциденти.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy