![Триминутен блицкриг на Украинците, Европското првенство останува само сон за БиХ (ВИДЕО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/222552-triminuten-blickrig-na-ukraincite-evropskoto-prvenstvo-ostanuva-samo-son-za-bih-video-850x560.webp)
Триминутен блицкриг на Украинците, Европското првенство останува само сон за БиХ (ВИДЕО)
Иако беше многу блиску до пласман во финалето од квалификациите за пласман на континенталниот шампионат, БиХ вечерва загуби на домашен терен од Украина со 1-2. До 85. минута, селекцијата на некогашната југословенска република имаше водство од 1-0, благодарение на автоголот на Матвиленко, а потоа, во период од само три минути Украина постигна два гола за пресврт и пресметка со Исланд.
Клучен момент беше влегувањето во игра на Јаремчук во 81. минута. Во 85. минута тој го израмни резултатот по првата сериозна акција на Украина, а потоа му асистираше на Довбик за комплетирање на пресвртот.
Останатите натпревари од квалификациите за Европското првенство поминаа без изненадувања. Полска, Грција и Велс остварија убедливи победи како домаќини, а Исланд го направи тоа како гостин, против Израел иако натпреварот се играше во Будимпешта.
РЕЗУЛТАТИ
Грузија – Луксембург 2-0
БиХ – Украина 1-2
Грција – Казахстан 5-0
Израел – Исланд 1-4
Полска – Естонија 5-1
Велс – Финска 4-1
ДВОЈКИ ЗА ФИНАЛЕТО
Велс – Полска
Грузија – Грција
Украина – Исланд