
КОНЕЧНО: Од утре ќе се вози по експресниот пат Градско-Дреново
Утре во 11 часот ќе биде пуштена во употреба делницата Градско-Дреново, која е дел од експресниот пат Градско-Фариш. На настанот ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе одржи свој говор.
Делницата Градско-Дреново има должина од 15,5 километри, дополнета со 1 километар од делницата Фариш-Дреново, што ја прави вкупната должина на експресниот пат 16,5 километри.
Проектот е вреден 37,3 милиони евра, од кои 26,7 милиони се обезбедени преку ИПА фондовите, а останатите 10,6 милиони евра од државниот буџет.
Овој дел од патот опфаќа 3 клучки (Градско, Росоман, Дреново), 4 вијадукти, 1 мост, 4 надпатници и 3 подпатници.
