Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМУ МУ ТРЕБААТ СТАРИ ВОЗИЛА, АМА СО ПОВОЛНИ ЦЕНИ, НАЈСКАПОТО Е 6.000 ЕВРА – еве што продава Агенцијата за управување со одземен имот
Економија

КОМУ МУ ТРЕБААТ СТАРИ ВОЗИЛА, АМА СО ПОВОЛНИ ЦЕНИ, НАЈСКАПОТО Е 6.000 ЕВРА – еве што продава Агенцијата за управување со одземен имот

14/02/2024

AA

По подолго време, осамна оглас на веб
страната на Агенцијата за управување со одземен имот, за продажба на возила
одземени од криминал, односно од кривична и прекршочна постапка.

Ќе се продаваат седум возила, главно стари и со мала почетна вредност, па
не се очекува државата да се офајди со висока сума на средства од овие продажби.

Одлуката ја донел Управниот одбор на Агенцијата, а продажбата ќе оди по пат
на електронско наддавање.

Првото возило е товарно моторно возило Ford
Tranzit, се наоѓа во Миладиновци, старо е од 2007 година, а неговата почетна цена е
2.750 евра.

Потоа, кај Полициската станица Матејче има товарно возило Меrcedes-Benz Atego 815, уште постар, од 2001
година, а неговата цена е утврдена на 3.000 евра.

Следува товарно возило Daf, кој
датира од 2006 година, а може да се види во депото во Миладиновци, и за ова возило е
одредена цена од 3.300 евра.

Во истото депо се наоѓа и товарно
возило полуприколка Krone, од 2002 година, и него
ќе може да го добие оној кој ќе биде подготвен да плати 1.750 евра.

Се нуди и исклучително старо возило од 1986 година, товарно возило Mercedes-Benz, со 14.618 зафатнина во
кубици и за него се бараат околу 5.900 евра.

Се нудат и два автомобила, односно WOLKSVAGEN
TUAREG V10 TDI, од 1998 година, и за сума
од 3.900 евра, како и патничко моторно возило NISSAN TERANO 2.7TDI, од 2006 година и за сума
од само 780 евра.

Депозитот за учество на
електронското јавно наддавање изнесува 10 отсто. Купувачот е должен по завршувањето на
електронското јавно наддавање, постигнатата цена да ја уплати веднаш,а доколку фирми се купувачи на определена ствар им
се пресметува дополнително ДДВ на вкупната цена на која го купиле предметот.

Возилото се презема веднаш по
заклучувањето на јавното електронско наддавање и уплатата на постигнатата цена. Сите трошоци во врска со преземањето на возилото
од плацевите наведени во табелата, паѓаат на товар на купувачот.

Разгледувањето на возилата е планирано за денеска и утре, а учесниците
на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката за
јавното наддавање. Нддавање
нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач.

Понудувачот кој ќе постигне
највисока цена станува сопственик на моторното возило, а доколку не ја уплати цената во рок од 15
дена од заклучувањето на јавното електронско наддавање ќе се смета дека се
откажал и уплатената гаранција ќе служи за покривање на трошоците на наддавањето.

Објавата на овој оглас трае заклучно до 19 февруари.

Н.Н.Ф.         

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy