Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ ВРАБОТУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИ – Нов раст на годишно ниво, каков ќе биде тренодот во иднина?
Економија

КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ ВРАБОТУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИ – Нов раст на годишно ниво, каков ќе биде тренодот во иднина?

11/06/2023

AA

Раст од скоро 15 проценти бележи бројот на работници вработени во Технолшките развојни зони. Во ТИРЗ-овите, заклучно со мај 2023, бројот на работни места достигна речиси 16.900. Тоа е за 15 отсто повеќе од мај 2022, односно за 21 отсто и 25 отсто повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. 

Оттаму информираат дека само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани.

– Продолжува и растот на извозот, кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13 отсто повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година, односно за 22 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021. Само во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава и највисоко ниво на извоз споредено со мај во изминативе четири години – посочуваат од ТИРЗ.

И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над 1.300 милијарда евра што е, како што се наведува, за 2 отсто повеќе од истиот период лани, а на исто рамниште со 2021.

– Само во мај годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 285 милиони евра што речиси на исто рамниште со мај 2022 година и за 14 отсто повеќе споредено со мај 2021 година. Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот, кој заклучно со мај е 31,5 отсто – стои во соопштението. 

Според Дирекција за ТИРЗ, се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ во последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра и тие треба да донесат над 8000 нови работни места. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
Македонија

ЕВЕ КАКО ГИ „СПАСИЛ“ ЖЕНИТЕ ОД ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО БАР

19/11/2026
Македонија

ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА

19/11/2026
Македонија

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46846
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА МАКЕДОНИЈА, НО ЌЕ ИЗДРЖИМЕ Мицкоски

19/11/2026

Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она коешто е важно

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ Универзитетот и министерството се

19/11/2026

ЕВН Македонија и Министерството за образование и наука (МОН) денеска постигнаа договор за надминување на проблемот со неплатените сметки за

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата ќе се одвива во 3

19/11/2026

Почна масовната вакцинација на овци и на кози против болеста сипаници во 8 региони во Македонија. Вакцините се обезбедени како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy