
Компанијата Рајанер објави план за обнова на Украина вреден 2,7 милијарди евра
Денеска во Киев авиокомпанијата „Рајанер“ ги објави плановите за повоена реконструкција на украинската воздухопловна индустрија, во вредност од 2,7 милијарди евра.
Во соопштението за печатот на „Рајанер“ се наведува дека нејзини претставници се сретнале со заменик-премиерот за обнова и министер за инфраструктура на Украина, Олександр Кубраков и по тој повод најавиле дека ќе инвестираат над 2,7 милијарди евра во украинската воздухопловна индустрија кога ќе заврши војната.
Официјални лица на ирската авиокомпанија одржаа состанок на аеродромот Бориспил во близина на Киев со претставници на аеродромите во Киев, Лавов и Одеса, се додава во соопштението.