
Комерцијална банка информира дека течат преговори со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел
Со оглед дека во последните денови
повеќе медиуми пројавија интерес за текот на постапката за продажба на имотот и
опремата на Еуроникел, Комерцијална банка сака да ја информира пошироката
јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за
купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, кои сега се во
сопственост на Банката.
Сепак,
заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори,
Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со
оваа постапка.
Притоа,
секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе
му требаат и работници за извршување на производниот процес.
Комерцијална
банка особено истакнува дека евентуалното отворање стечајна постапка врз
Еуроникел нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз
преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат
дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без
никакви ограничувања.
