Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКУ ПЛАЌААТ ЗА ПЛАТИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, НЛБ БАНКА И СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ? Ова се деталите
Економија

КОЛКУ ПЛАЌААТ ЗА ПЛАТИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, НЛБ БАНКА И СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ? Ова се деталите

30/10/2023

AA

Секоја од трите најголеми банки во земјава плаќа просечно месечно најмалку по 1,3 милиони евра трошоци за своите вработени. Тоа го покажуваат податоците од билансите од кои се гледа колку овие банки издвојуваат за плати, придонеси, награди, бонуси и додадоци за лојалност на своите вработени. Месечните просечни трошоци за вработени според најновите податоци кои ги анализираше „Фактор“ се движат од 1,3 до 1,6 милиони евра месечно – пари кои банките ги плаќаат за своите вработени

Најновите податоци кои ги објавија најголемите три македонски деловни банки „Комерцијална банка“, НЛБ Банка и „Стопанска банка Скопје“ покажуваат дека само за периодот јули-септември за плати на своите вработени исплатиле вкупно 13 милиони евра.

За сметка на тоа пак вработените во овие три најголеми деловни банки за периодот на летните одмори (јули-септември) на своите компании им создале вкупен профит од 48,9 милиони евра, покажува анализата што ја направи „Фактор“ врз основа на најновите податоци од неревидираните извештаи за првите девет месеци годинава кои ги вкрсти и спореди со податоците за првото полугодие.

На нашите банки работата одлично им оди, профитите се на ниво, па тие не штедат на плати за своите вработени. Во вкупната исплата на трошоци за вработените за периодот јули-септември предничи НЛБ Банка која во вкупниот износ учествува со 4,8 милиони евра што на пример е 950.000 евра повеќе во однос на трошокот што за своите вработени го исплатила „Комерцијална банка“ (изнесува 3,95 милиони евра). „Стопанска банка Скопје“ за третиот квартал годинава на вработените исплатила 4,2 милиони евра.

Од аспект на профитот во последниот односно третиот квартал годинава „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка се со речиси изедначени перформанси. Словенечката банка има добивка од 16 милиони евра за три месеци, а грчката банка има профит што е само за 100.000 евра понизок од НЛБ Банка. Најголема добивка во летните месеци има домашната „Комерцијална банка“. Нејзиниот профит изнесува 17 милиони евра.

Споредбата на нето приходи од камата што е најголема приходна ставка кај сите македонски банки без исклучок покажува дека третиот квартал годинава најдобро изработила „Стопанска банка Скопје“ чиј нето приход од камати е 25,2 милиони евра за три месеци. Следна е „Комерцијална банка“ со 22,9 милиони евра и НЛБ Банка со 16,2 милиони евра.

Од провизии и надоместоци пак во овој период најдобро заработила НЛБ Банка. Нејзиниот приход од оваа дејност изнесува 5,6 милиони евра. “Комерцијална банка“ од тие услуги остварила приход од 4,2 милиони евра, а „Стопанска банка Скопје“ 3,3 милиони евра.

(во милиони евра)

банка

добивка во 3 квартал

нето приход од камати 3 квартал

трошок за вработени во 3 квартал

Комерцијална банка Скопје

17 милиони евра

22,9 милиони евра

3,95 милиони евра

Стопанска банка Скопје

15,9 милиони евра

25,2 милиони евра

4,2 милиони евра

НЛБ Банка Скопје

16 милиони евра

16,2 милиони евра

4,8 милиони евра

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy