Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?
Економија

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

19/12/2024

AA

На тендерот за снабдување со струја на Градот Скопје се јавиле две фирми од кои како најповолна е одбрана таа што дала пониска трговска маржа. Од вкупните 3,25 милиони евра Градот Скопје за струја ќе плати 2,75 милиони евра, за трговска маржа 413.000 евра и за ДДВ уште 496.000 евра. Дури 80% од струјата е наменета за уличното осветлување на јавни површини, булевари и улици кои се надлежност на Град Скопје

Градот Скопје избра најдобар понудувач со кој ќе склучи договор за снабдување со електрична енергија за период од една година. Според јавно достапните податоци на Бирото за јавни набавки нов снабдувач на Град Скопје ќе биде компанијата Електрисити Деливери Солушнс (ЕДС) која на тендерот дала подобра понуда односно понудила пониска трговска маржа од конкурентната компанија СБП Енерџи продакшн од Струмица.

Трговската маржа што ќе ја наплати ЕДС изнесува 15 отсто од цената на секој испорачан киловат час за потребите на Град Скопје. Струмичка фирма која го изгуби тендерот понудила 19,5 отсто трговска маржа.

Градот Скопје за електрична енергија во период од една година ќе плати 200 милиони денари односно 3,25 милиони евра. Од тоа за набавка на електрична енергија со вклучена трговска маржа се предвидени 2,756 милиони евра. Односно 413.000 евра за трговска маржа на ЕДС и уште 2,34 милиони евра за електрична енергија. За ДДВ на електричната енергија Град Скопје ќе плати 496.000 евра. 

Според техничката спецификација која ја изготвил Град Скопје и врз основа на која е спроведен тендерот најголемата македонска локална самоуправа односно Град Скопје планира да потроши 11.500 мегаватчасови електрична енергија. Најголема дел од целата количина односно 9.000 мегаватчасови Градот Скопје планира да потроши за ноќно улично осветлување. Од тоа апроксимативно се 3.000 мегаватчасови во висока тарифа (народски скапа струја н.з.) и уште 6.000 мегаватчасови во ниска тарифа (евтина струја). За сите свои други потреби градската управа планира да потроши 2.500 мегаватчасови. Од тоа 1.500 мегаватчасови во скапа струја односно висока тарифа и уште 1.000 мегаватчасови во евтина тарифа.

Во цената за електрична енергија која се наплаќа според унгарската берза ХУПЕКС снабдувачот ги превзема и трошоците за балансирање, набавка на електрична енергија, трошоците за увоз и царина, за планирање и номинирање на потрошувачката како и за закуп на прекугранични капацитети за пренос на струја.

Град Скопје треба да си ги плати надоместоците за мрежарините на МЕПСО, на Електродистрибуција, на Операторот на пазар за електрична енергија и надоместокот за повластените производители на електрична енергија.

Сите детали од договорот за снабдување со струја на Град Скопје се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/25288e3c-d598-4fa7-b3ae-2fb05f0d1e14

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy