
КОЛКУ ИЗНЕСУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО ЕВРОПА, КОЛКУ КАЈ НАС? Еве каде сме и каде се највисоките минимални плати
Минималната плата во Македонија согласно утврдената методологија достигнува 22.567 денари, или околу 370 евра. Иако синдикатите бараат раст и на минималните, но и на останатите плати, такво ветување нема.
Од друга страна, минималната плата во соседна Србија следната година ќе биде повисока за 13,7 отсто, што, како што е најавено, и ќе достигне 53.592 динари или скоро 460 евра. Сега во соседството минималецот изнесува 47.335 динари, што е околу 404 евра.
Што се однесува пак до другите земји во соседството, минималната плата во Албанија е околу 354 евра во 2024 година, во Босна и Херцеговина 316 евра, во Косово 320 евра, додека кај нашиот сосед Бугарија 370 евра.
Од друга страна, Хрватска има значително повисок минимум кој изнесува 677 евра, потоа Црна Гора 450, Романија 475, како и Република Српска, каде минимумот за годинава е 459 евра.
Каде е Европа, а каде сме ние
Според тоа, нивото на минималната плата кај нас е се уште далеку од некои земји во регионот и по две двоцифрени зголемувања.
Ако погледнеме како се движат мимималите во поразвиените земји од Западна Европа, тогаш разликата е многу поголема.
Во Германија минималната плата е загарантирана на 1.546 евра, додека во Франција е околу 1.400 евра, а во Шпанија околу 1.170.
Исто така, минималната плата само ќе се изедначи со минималната потрошувачка кошничка која последен пат беше пресметана за мај годинава, почнувајќи од јануари.
Минималната потрошувачка кошничка во мај порасна за 3,2 отсто на годишно ниво, па со ваков раст несомнено ќе биде повисока од минималната плата и следната година.
Фото: Фактор