Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКУ ИНКЕШИРА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Растат приходите!
Економија

КОЛКУ ИНКЕШИРА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Растат приходите!

26/03/2023

AA

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.

На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333  денари, односно 72.861.770 денари.

„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, остварениот промет изнесува  400.174.788,00 денари.  Од наплатата на патарината на Миладиновци  се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино  244.476.653 денари, Гевгелија 236.866.875 денари, Петровец  205.967.358 денари, Тетово 201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија  172.813.622 денари и Гостивар  164.536.337 денари.  

При споредбите на прометот на наплатните станици, треба да се земе предвид и цената на патарините по категории, како и дека Сопот и Отовица се единствени кои имаат наплатни кабини само во еден правец, а дека Преод и Кадрифаково се отворени во јули лани. 

Електронската наплата надминува 30 проценти 

Прометит остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува  333.106.598 денари.                                         

Од почетокот  на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.  

За периодот 2019 до сега, продадени се вкупно 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди или вкупно 162.003 електронски уреди. За посочениот период, направени се вкупно 851.272 поединечни надополнувања на електронски уреди. 

 Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30 проценти од вкупната наплата, во делот на наплатните каде функционира електронската наплата. 

Најчест начин на плаќање патарина е се уште во готовина со нешто над 55 проценти од плаќањата, електронската наплата учествува со околу над 30 проценти, а на безготовинско плаќање со користење на платежни картички отпаѓа околу 15 проценти од плаќањето.  

Во јули 2019 година на патарините на делот од Коридор 10 што минува низ државава е воведен електронски систем за наплата, а во тек е модернизација со поставување таков систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8. Изведувач на работите е „ЈВ Аселсан-Жикол“ конзорциум. Вредноста на договорот изнесува 12.489.356 евра.

Во тек е постапка за техничко и финансиско усогласување за спроведување интероперабилност во електронска наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан, откако на  самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во Србија, Северна Македонија и Албанија.

Со тој систем возачите патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред. Новиот начин на плаќање патарина треба да го растовари протокот на возила на наплатните рампи. 

Според најавите од надлежните институции, до зачленувањето во ЕУ на државава треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy