Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку ќе заработат Вице Заев и Никола Филипче од заедничката фотоцентрала?
Економија

Колку ќе заработат Вице Заев и Никола Филипче од заедничката фотоцентрала?

22/10/2024

AA

Вице Заев и Никола Филипче, браќата на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, ќе заработуваат по околу 120.000 евра годишно од заедничката фотоцентрала за која се во процес на добивање лиценца за производство на електрична енергија во Сретеново, Дојран.

Според барањето за привремена лиценца, поднесено до Регулаторната комисија за енергетика, моќноста на ФЕЦ „Сретеново“ на „Фос Имерас“ е 1,35 мегавати. Како што тврдат познавачите на енергетскиот пазар кои ги контактиравме, пресметката според сончевото подрачје на Дојран, е дека оваа фотоцентрала ќе произведува 1.959 мегаватчасови електрична енергија годишно.

– Просечната цена оваа година на продадена електрична енергија во соларните часови е 65 евра, иако варијациите се многу големи во текот на една година. Ако тргнеме од таа логика, заработката би била околу 126.000 евра на годишно ниво. Струјата може да се продаде на два начина – со договор со посредник трговец за фиксен откуп, или преку националниот оператор на пазарот МЕМО со договор за „зелена тарифа“, ни објасни познавачот кој сакаше да остане анонимен во оваа ситуација.

Според експертите, само мал процент од оваа заработка на годишно ниво се троши за одржување на фотоцентралата, додека другото е чиста добивка, која особено доаѓа до израз кога ќе се исплатат инвестициските трошоци.

На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче,  формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус Нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.

Истражувачки медиуми, а потоа и самата владеачка партија, објавија дека фотонапонската централа е изградена на земјиште од 23.000 м2 купено во 2021 година со дозволи и процедури завршени во рекордно брзо време.

„Друштвото за производство на електрична енергија, трговија и услуги ФОС ИМЕРАС ДОО Скопје со
седиште на ул. “Мирослав Крлежа” бр.62 Скопје-Центар, на 20 септември 2024 година до Регулаторната
комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна
Македонија поднесе Барање за издавање на привремена лиценца за вршење на енергетска дејност
производство на електрична енергија од ФЕЦ “СРЕТЕНОВО” со моќност по инвертори од 1.350 kW, УП1 бр. 12-
552/24 од 20 септември 2024 година.“, објави во меѓувреме регулаторот.

Првична фирма ја купила државна парцела во 2016 за винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче. Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран,да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy