
Колкав процент од Европјаните не можат да го загреат домот?
Во европското семејство дел од граѓаните не можат да ги загреат своите домови. Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат затоплување на домот има во соседна Бугарија. Седум отсто од населението во Европската Унија (ЕУ) не може да си ги загрее своите домови, објави Евростат.
Бројките на граѓани кои не можат да ги загреат своите живеалишта се движат од 1,3 отсто во Финска до 23,7 отсто во Бугарија. Понатаму се редат Литванија (23 %), Кипар (19 %), Грција (18 %) и Португалија (16 %). Во Шведска, Словенија и Австрија, помалку од два отсто од населението не може да си дозволи затоплување на домот. Eвропа се соочи со енергетска криза. Се смета дека и оваа зима ќе биде тешка.
foto freepik.com
