
Кои се најербап во Прилеп? Најголем профит од мермерот, најмногу приходи од храната
Прилеп има 14 фирми кои лани направиле приход поголем од 5 милиони евра, а 9 меѓу нивсе компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна и релативно разновидна индустрија.
Градот херој, синонимот на антифастичкиот отпор во Македонија, родниот град на великаните Ѓорче Петров и Пере Тошев, родното место на Марко Цепенков и Димитар Талев. Градот чиј непокор, хероизам и традиција се испишува уште од легендите за Крали Марко, а снаодливоста и итроманштината преку приказните за Итар Пејо. Прилеп е градот чии синоними се тутунот, мермерот, ширданот, „Златниот даб“, „Стоби Флипс“ и „Газоза“ и шегите на „чешитите“ прилепчани чиј заштитен знак беше е и ќе остане актерот Џумерко. Прилеп е град што плени со својата уникатност, гостопримливост, родољубивост.


*Рангирањето е изготвено врз основа на комбинација на параметрите приход над 300 милиони денари и добивка од најмалку 1 милион евра
Р.Ф.
