Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се господарите на војната? Пет држави прават 75 oтсто од светскиот извоз на оружје!
Економија

Кои се господарите на војната? Пет држави прават 75 oтсто од светскиот извоз на оружје!

14/03/2024

AA

„Војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник“, стих од една убава македонска рок песна кој ја отсликува апсолутната вистина. Но, тоа е само едното лице на вистината, другото е тоа на државите производители и извозници на оружје. А историјата на војувањето покажува дека тие што знаат и можат да произведуваат тешки оружја секогаш ја добиваат војната!

Соединетите американски држави, Франција, Русија, Кина и Германија. Ова големата петорка на најмоќно во светот извозници на оружја за масовно уништување. Борбени авиони и хеликоптери, системи за противоздушна заштита, системи за наведување на боеви глави, гранати, тенкови и топови, озлогласените ХИМАРС системи за масовно уништување… и што ли уште не.

Овие држави се најголемите светски извозници на оружја за масовно уништување. Светската листа цело време неприкосновено ја предводат САД кои се најголеми извозници на оружја. Учествуваат со 42 отсто во целиот светски извоз на оружја во периодот 2019 -2023 година.

Новитет и изненадување за сите познавачи е тоа што втора не е Русија, туку Франција. Францускиот извоз на оружја пораснал за 47 отсто во периодот од 2019 до 2023 година во однос на претходните четири години односно периодот 2014-2018 година.

Очигледно дека Франција најмногу заработила од руската агресија во Украина. Затоа што сега руската наменска индустрија има приоритет да ја снабдува својата војска на украинската фронтовска линија долга нешто над 1.000 километри.

Русија во светскиот извоз учествува со 11 отсто, а нејзиното учество е преполовено затоа што во периодот 2014 – 2018 во глобалниот извоз учествувала со 21 отсто.

Во големата петорка се уште Кина и Германија но нивното заедничко учество е како една Франција или Русија.

Најголем светски увозник на оружје е Индија, а Украина во периодот 2018-203 учествувала со 4,9 отсто што е зголемување од 6.633 отсто во споредба со периодот 2014-2018 година, а видовме и зошто било така.

Сите детали за господарите на војната во извештајот на шведскиот реноминан институт СИПРИ на следниот линк https://www.sipri.org/sites/default/files/2024-03/fs_2403_at_2023.pdf

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy