Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се четирите дами чии аптеки направија приход поголем од 130 милиони евра?
Економија

Кои се четирите дами чии аптеки направија приход поголем од 130 милиони евра?

07/07/2023

AA

Водење аптеки е женски бизнис во Македонија. И тука дамите целосно доминираат. Веројатно затоа што тоа бара деталност, педантност, трпение и на крај кога ги гледате профитите силно изразена емпатија кон клиентите. А овие се претежно женски особини, факт, сакале да признаеме или не. Во овој бизнис и лани доминираа сестрите Механџиски, нивната бизнис партнерска Пепиќ и амбициозната и успешна битолчанка Анѓелка Белазелкоска, сопственичката на Еурофарм.

Жените се исклучително вешти и способни бизнисмени кога станува збор за организирање малопродажба на лекови, медикаменти, препарати и се друго што може да се купи во нашите аптеки, покажуваат официјалните податоци за 2022 година достапни во базата на ЦРМ. Важно е и тоа што генерално тој бизнис има голем потенцијал во земјава и е во континуиран пораст. Во својата структура тој е многу асиметричен. Има три мега компании кои лани генерирале приход поголем од 130 милиони евра и голем број средни или мали аптекарски фирми. Но малите аптекарски компании, иако во вкупниот приход учествуваат со помалку од 30 отсто, се покажале многу поумешни од големите во остварувањето профити.

Сестрите Викторија и Христина Механџиски (ќерки на аптекарскиот маг Благоја Механџиски), нивната партнерка Лана Пепиќ и Анѓелка Белазелкоска од Битола се најголемите играчи на македонскиот аптекарски пазар. Меѓу нивните три аптекарски фирми се води „битката на титаните“ на македонскиот аптекарски пазар на кој овие три фирми оствариле приходи повисоки од 130 милиони евра. Воедно овие четири дами се најголеми работодавачи и во нивните три компании вработуваат 1.500 лица!!!

Најголема домашна аптекарска компанија и лани е „Зегин Фарм“ од Скопје која остварила приход од продажба во износ од 56 милиони евра. Во најголемата аптекарска фирма сопственички се: ќерките на Зегин Викторија Механџиска и Христина Механџиска – Георгиевска како и Лана Пепиќ. Нивен најголем конкурент е битолската аптекарска компанија Еурофарм Битола сопственост на Анѓелка Белазелкоска. Ова друштво во своите аптеки лани остварило приход од 40,5 милиони евра. Добивката лани била 9.000 евра.

Сестрите Механџиски се сопственички на уште една аптекарска компанија „Моја аптека“ која интегрира аптеки ширум земјава. Од големите три компании ова друштво лани има најимпресивни резултати. Добивката е 1,7 милиони евра и е најголем апсолутен износ на добивка во однос на сите други аптекарски компании.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy