Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?
Регион

Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?

31/01/2023

AA

Српскиот весник Блиц состави листа за тоа кои се најмоќните луѓе во медиумите, естрадата, спортот. 

Тие ги објавија 100-те најмоќни имиња. Прв е Жељко Митровиќ. Челникот на Пинк како што се наведува и натаму успева да одржи баланс меѓу забавната програма, домашните и странски серии, но и политички содржини кои ги нуди неговата телевизија. Се вели дека тој го има еден од најуспешните формати на Балканот. Неговиот проект „Задруга“, иако често е мета на критики, сепак руши рекорди со гледаност. Сега се емитува шестата сезона, а комплексот во Шимановци е еден од најголемите во Европа. И по 29 години, телевизијата има забавна програма и милионски гледачи. Неговата империја вреди повеќе од десетина милиони евра. 

Втор на листата е Срѓан Миловановиќ. Тој со години беше косопственик на Kopernikus technology, вториот кабловски оператор во Србија кој во 2018 година го купи Телеком Србија. Истата година презема 100 отсто во Антена група во Србија и Црна Гора. Во сопственост сега му се и Прва телевизија, Б92, Прва ТВ Црна Гора, Радио Плеј, шест кабловски канали, како и два портала Prva.rs  и B92.net. 

Владимир Лучиќ е трет, а Телеком Србија лани има рекорд. Таму е од 1997 година, односно од основањето, а лани имале приход од над милијарда евра, бројот на тв корисници е 1.2 милиони, додека на фиксна линија 1.1 милиони. Имаат инсталирано над 2.000 базни станици, а оптички интернет имаат повеќе од 1.25 милиони домаќинства. 

Сузана Васиљевиќ е на 4-то место. Таа скоро  деценија е соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ. Иако е советник за медиуми, има поширок дијапазон на работи со кои се занимава. Во кабинетот на Вучиќ е од 2012 година, а претходно работела во кабинетот кај Воислав Коштуница. Била дел и од кабинетот на Ивиуца Дачиќ, но работела и во Србијашуми. Студирала новинарство и германистика во Берлин, а филмска и телевизиска камера во Белград. 

Драган Бујошевиќ е на 5-то место. Тој е директор на Радио телевизија Србија. Од 1976 до 1989 година беше во Политиката, а потоа до 1993 година е заменик на главниот уредник. Поминал низ повеќе медиуми, но иако во 2019 година наврши 65 години, мандатот во телевизијата му е продолжен. 

Целата листа можете да прочитате тука. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy