Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кога си најголем и не ти треба ПР! Кој приватен производител лани од продажба на струја наплати 190 милиони евра?
Економија

Кога си најголем и не ти треба ПР! Кој приватен производител лани од продажба на струја наплати 190 милиони евра?

22/07/2024

AA

TE-TO лани во македонскиот електропреносен систем произвел и предал 25% од целата произведена струја во Македонија (според податоците на МЕПСО н.з.). За струјата што ја продал наплатил 190 милиони евра, вратил  кредит од речиси 15 милиони евра во само една година, а при тоа остварил добивка од 3 милиони евра. За да ја произведе струјата потрошил 166 милиони евра за руски природен гас. За тоа колку е успешен ТЕ-ТО, кој беше многупати оспоруван па и предвреме отпишуван, говори и фактот што на своите вработени во минатата година им делел просечна нето плата од 1.840 евра. ТЕ-ТО лани работел дури 321 ден, а просечната продажна цена за мегават-час била околу 138 евра. Згора на тоа и цела грејна сезона ги држел топли становите на дел од жителите на Скопје и тоа по дампинг цени за што наплатил само 16 милиони евра. А за тоа колку е ТЕ-ТО важен за напонските прилики во системот и за негово балансирање ќе кажат електро-енергетичарите. Нешто најдобро од аспект на енергетска инфраструктура што на Скопје му се случило во последните 40 години

ТЕ-ТО е најголем приватен производител на струја во Македонија. Според официјалните податоци лани оваа компанија произвела 1.370 гигаватчасови електрична енергија за кои наплатила 189,4 милиони евра. При тоа од продажба на топлинска енергија што ја продава за загревање на домовите на жителите на главниот град ТЕ-ТО наплатил уште 16 милиони евра. Значи сума сумарум најголемиот македонски приватен производител на струја и топлина остварил приходи од продажба што надминуваат 205 милиони евра.

 Во споредба со 2022 година приходите од продажба се помали за 111,5 милиони евра и тоа е заради намалените цени на струјата на пазарите за електрична енергија.

Во структурата на трошоците убедливо најголема ставка се суровините. Всушност тука доминира набавката на природен гас кој е погонско гориво од кое ТЕ-ТО произведува електрична енергија. За суровини (читај набавка на природен гас н.з. ТЕ-ТО лани платил околу 160 милиони евра).

Колкава е просечната плата во ТЕ-ТО ?

Когенеративната централа (така се вика зашто истовремено може да произведува топлинска енергија и струја н.з.) може да се пофали со висока просечна плата за македонски услови. Во таа високотехнолошка компанија во најголем дел работните процеси се во значајна мерка автоматизирани и само ги подесуваат и контролираат инженери пред се од елетротехнички и машински профили и експерти за техничка информатика. Мината година ТЕ-ТО вработувала вкупно 71 лице. За нив компанијата исплатила бруто плати во вкупен износ од 2,3 милиони евра. Тоа значи просечно месечно бруто платата во ТЕ-ТО лани изнесувала 2.708 евра. Кога ќе се одземат придонесите за пензиско и здравствено осигурување и другите ситни давачки нето просечната плата во ТЕ-ТО лани изнесувала 1.840 евра што е сосема пристојна па дури и висока плата за македонски услови.

Се топи долгот на ТЕ-ТО

ТЕ-ТО успешно се раздложува, а тоа се гледа и од достапните податоци потврдени од независната ревизија. Минатата година ТЕ-ТО вратил 14,9 милиони евра од кредитот кон Ландес банка. Од ра ботењето лани ТЕ-ТО може самостојно и без поддршка од матичните компании односно акционерите да ги финансира своите обврски. Само за камати лани ТЕ-ТО исплатил 1,37 милиони евра.

Ова е многу важна информација затоа што во периодот до корона кризата оваа компанија беше на стаклени нозе затоа што пазарните цени на струјата беа толку ниски што таа работеше нерентабилно или воопшто не произведуваше струја шест до седум месеци во годината. А тоа значеше дотации или позајмици од акционерите.

Податоците на независната ревизија покажуваат дека вкупните финансиски обврски на крај на 2023 година изнесуваат околу 30 милиони евра. Од тоа каматни обврски се нешто над 11 милиони евра, а останатото се обврски кон доверители, тековни обврски и позајмици од акционерите.

Лани термоцентралата оствари добивка од 3,2 милиони евра што е значајно полош резултат од претходната година во која добивката на компанијата надминала 11 милиони евра.

ТЕ-ТО лани продаде 1.370 гигаватчасови електрична енергија. За истиот период во екот на грејната сезона компанијата произвела и продала 284 гигаватчасови толинска енергија. Оваа од аспект на производството е втора најдобра година на ТЕ-ТО , по 2021 година која е рекордна според производството. Лани ТЕ-ТО произведувал 321 ден што е за 74 денови повеќе од претходната 2022 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45995
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен викенд

05/10/2026

Утрото во вторник, 6 октомври, ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy