Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коцевски истражува дали убиството на Фросина е со умисла или од небрежност
Магазин

Коцевски истражува дали убиството на Фросина е со умисла или од небрежност

03/02/2025

AA

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 зборуваше за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. По неговите информации, се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или преку небрежност.

„Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката“, рече Коцевски.

Како што додаде, во повеќето случаи, кривичните дела во сообраќајот се резултат на небрежност, што го поттикнува потребниот акцент на строгост и контрола во оваа област.
Тој се осврна и на тоа колку ги загрижува присуството на мобилен телефон кај возачот  во затворот. Како што вели, јавувањето на мобилен телефон на Васил од затворот не верува оти ќе има последици врз случајот.

„Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката“, додава Коцевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН

26/01/2026
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
Македонија

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за

26/01/2026
Македонија

Еден си чувал дрога во кофа во кафуле, а друг

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40652
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план

26/01/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа заладување

26/01/2026

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени земјоделски насади

26/01/2026

Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион. Најкритично е во селото Костурино, на местото викано „Шепово“,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy