Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој си лапна 1,5 милиони евра државни субвенции? Има 892 крави, продаде над 7 милиони литри млеко!!!
Економија

Кој си лапна 1,5 милиони евра државни субвенции? Има 892 крави, продаде над 7 милиони литри млеко!!!

24/07/2024

AA

Од продажба на жито, млеко, риба, жива стока ЗК Пелагонија лани инкасирала околу 15 милиони евра. Затоа што е најголем аграрен производител од државата лани добила и субвенции во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Најголемиот македонски активен земјоделски комбинат обработува околу 16.800 хектари државно земјоделско земјиште во Пелагонија

Најголемиот македонски земјоделски комбинат – битолска „Пелагонија“ лани успеа да произведе и да продаде 7,2 милиони литри млеко. И покрај тоа што производството на млеко е помало за 5 отсто од претходната година ЗК „Пелагонија“ и натаму е убедливо најголем производител на млеко кој задоволува над 30 отсто од потребите за млеко за директните потреби на македонските граѓани.

Според нивниот годишен извештај тие се и најголеми обрабувачи на земјоделско земјиште во земјава. Лани обработиле 16.878 хектари од кои сопствено зејмиште во површина од 87 хектари и уште 16.788 хектари државно земјиште.

ЗК Пелагонија воедно е и најголем производител на риба затоа што има рибници на 234 хектари површина, а станува збор за државно земјиште под долгорочен закуп.

Овој комбинат со години наназад како и лани е најголем производител на пченица, јачмен и тритикале (хибрид на пченица настанат од вкрстување на пченица и рж).
Лани комбинатот на своите 4.640 хектари произвел над 15.000 тони пченица. Таа била најзастапена култура на неговите земјишта. Најголемо производство комбинатот имал од пченка фураж (храна за стока) затоа што од 4.348 хектари произвел над 90.000 тони фураж. Кај овој продукт се бележи драстичен пад на приносот во споредба со лани.
Што се однесува до пченка во зрно комбинатот лани произвоел 2.388 тони, а оваа култура била застапена на речиси 1.200 хектари.

Споредбените податоци за приносот на земјоделските кулутри покажуваат дека лани годината била значајно послаба од преклани, од аспект на количеството род по засаден хектар.

Лани од продажба на житни култури, риба, млеко и од говедско месо компанијата остварила приходи од 15 милиони евра или 18 отсто помалку од претходната 2022 година. И тоа лани во приходите најголемо е учеството на житните култури со 10,4 милиони евра, пред продажбата на продукти од сточарско потекло (млеко и месо) со 4,6 милиони евра.

Што се однесува до трошоците најинтересно е тоа што набавката на вештачки ѓубрива, очекувано, е најголема поединечна ставка во структурата на трошоците за суровини. За нив ЗК Пелагонија лани платила 2,17 милиони евра. Но тоа е многу помалку од 2022 година кога заради војната во Украина и растот на цени на ѓубрива биле платени 5 милиони евра за вештачко ѓубриво.

Зошто кравите се најголем адут на ЗК Пелагонија?

Краварството е носечка дејност на битолскиот земјоделски комбинат. Лани имале над 2.000 грла добиток од кои 892 се крави, а другото се јуниња, стелни јуници, телиња. Лани комбинатот произвел над 7.000 хектолитри млеко и тоа е заменарливо помалку (за 5%) од 2022 година. Во меѓувреме лани престанала со работа краварската фарма во Породин и сега работи само фармата во Новаци.

Тоа што го заработува од продажба на млеко, на јунешко и телешко или говедско месо не е единствениот приход на оваа компанија. Тоа е само директен приход од основната дејност.

Другиот односно индиректниот приход на компанијата е од нејзиното вложување во „Пелагонија енерџи“ – термоцентрала која произведува струја користејќи еколошко погонско гориво шталско ѓубриво од фармата на ЗК Пелагонија. И тоа по повластена цена од 188 евра за еден мегаватчас струја.
Токму од оваа своја фирма – ќерка лани наплати 10 милиони евра дивиденда за неколку години работење наназад. 

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44940
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy