Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ЦИГЛИТЕ СЕ ИЗМЕШАА СО ДОМАТИТЕ И ДОНЕСОА ЧИСТ ПРОФИТ ОД 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ – рецептот го има фирма од Босилово
Економија

КАКО ЦИГЛИТЕ СЕ ИЗМЕШАА СО ДОМАТИТЕ И ДОНЕСОА ЧИСТ ПРОФИТ ОД 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ – рецептот го има фирма од Босилово

24/07/2024

AA

Веќе и не е вест дека една струмичка компанија лоцирана во општина Босилово
со години прави одлични профити. Но, прашањето е како и успева?

Истата слика се повторува и од стартот на оваа година, кога акционерското
друштво Оранжерии Хамзали од Струмица, остварило чиста добивка од дури 2,4
милиони евра. Ова е профит на кој можат да му позавидат и многу помоќни и
поетаблирани компании од главниот град на државава. 
Или, ако вака продолжи да работи компаниојата до крајот на годинава,
годишниот профит би се доближил до сума од пет милиони евра, што е и повеќе од
респектабилна бројка за една фирма која се занимава со производство на пиперки
и домати.

АД Оранжерии Хамзали ја извести инвеститорската јавност во земјава за
своите извештаи, а Билансот на успех за периодот од јануари
заклучно со јуни годинава, говори дека чистата добивка е фантастични 2,39
милиони евра.

Што друго ќе ни каже овој документ?

Тој говори дека нејзините приходи од продажбата се дури шест милиони евра
за шест месеци. А, не е дека и лани биле лоши, бидејќи порастот на приходите во
првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани е за 12 проценти.

Најголемиот дел од приходите се остварени на домашниот пазар, и тоа 5,85
милиони евра, и кај нив има пораст од 14 проценти.

Приходите од продажбата на странскиот пазар, пак, и онака биле минорни, но
во првото полугодие се свеле едвај на некои 140 илјади евра, што е намалување за
33 проценти. Ова би значело дека фирмата многу повеќе работи дома, отколку
надвор.

На страната на трошоците, оперативните расходи се многу помали од приходите,
иако имаат поголем раст. Односно, тие изнесувале 3,28 милиони евра, што е
зголемување за 20 отсто во однос на истиот период лани.

Огромен раст има кај трошоците за суровини и други материјали, кои биле
близу 960 илјади евра, и чии пораст е за 72 проценти.

Најголем пораст, пак, имаат трошоците за вработените, кај кои
зголемувањето е за 101 процент, или повеќе од двојно, и кои така достигнале 770
илјади евра.

Сето ова донело до оперативна добивка од 2,66 милиони евра, а потоа и до
нето профит од 2,4 милиони.

Но, дали само раноградинарските култури се тие што и ги носат овие одлични
профити на Оранжерии Хамзали, за која е интересно да се дознае и дека настанала од трансформацијата и делбата на некогашен ЗИК Струмица, но и дека е еден од неговите правни наследици.

Компанијата сама ја известува Берзата што ги зголеми нејзините приходи, но
тоа не е од нејзината основна дејност, односно „производство
на раноградинарски култури и тоа разни сорти на домати, краставици,
блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир и жито“, како што е наведено во нејзиното
претставување.

Туку, зголемените приходи се резултат на зголеменото
производтво на цигли, но и порастот на нивните цени.

„Вкупните
приходи за дедениот период се зголемени споредбено со истиот период од минатата
година а тоа се должи како резултат на зголемениот обем на прозводство на цигли, како и пораст на цените на истите производи…. Во периодот до крајот на деловната 2024
година се залагаме и надеваме на успешно и продуктивно производство на втората
есенска реколта кај раноградинарското производство, стабилизација на цените на
енергенсите за производство и стабилен пазар ориентиран кон извоз“, напишале од
компанијата до Берзата. 

Фактор се заинтересира какви се тие цигли во компанија за домати и пиперки,
и пронајдовме извештај кој говори дека компанијата уште пред неколку години
почнала да се занимава со нова производствена дејност, и тоа преку компанијата
Нова Слога Ресен 2007, која сега е регистрирана како нејзина поддружница, и тоа
за проиводствио на цигли, керамиди и печена глина, и која всушност и ги носи
најголемите приходи и профитот, што всушност бил и главниот мотив за влез во овој бизнис.

Фабриката постои од
седумдесетите години на минатиот век, а во 2007 година е приватизирана и
обновена од темел со нова, најсовремена технолошка линија за производство на
глинени шупливи блокови. Има
околу 70 вработени, стои на нејзината веб страница.

Инаку, управувачки и мнозински сопственик на АД
Оранжерии Хамзали е В
асе Митев, кој постојано го зголемува
капиталот што го поседува во компанијата, за сега да достигне дури и до 90,93
проценти. Уште 3,62 отсто од акциите на компанијата поседуваат 287 домашни
физички лица. А, една фирма, односно едно правно лице, поседува 5,45 отсто од
акциите, иако на ЦДХВ не го дава кој е тој акционер.

Инаку,
за минатата година акцијата на
Оранжерии Хамзали Струмица има најголем пораст на цената, и тоа за дури 53,23 проценти, повеќе од сите други акции на друтвата што котираат на
Берзата.

Н.Н.Ф.

Фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy