Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА – проверете дали ве има на листата
Економија

КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА – проверете дали ве има на листата

06/02/2023

AA

Објавен е список со корисници на финансиска поддршка за енергетската криза. Како што пишува Министерството за труд и социјална политика согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на нивната веб страна.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

Има повеќе корисници на ваква помош, од кои дел се објавени на веб страната на Министерството за труд, и таму се корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се списоци со корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се објавува список од невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

– Списоците се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка – објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика. 

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавување.

Линк до списоците:http://bitly.ws/zQ9k

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy