Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ПЛАТИ НАД 400 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ОХРИДСКИ „ГАЛЕБ“ – акциите купени преку берзанска блок трансакција
Економија

КОЈ ПЛАТИ НАД 400 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ОХРИДСКИ „ГАЛЕБ“ – акциите купени преку берзанска блок трансакција

07/03/2023

AA

По долг период пауза, на Берзата конечно се случи блок трансакција.

Предадени се и откупени близу 33 отсто од акциите на компанијата, или една третина од оваа охридска превозна фирма. 

Некој купувач, кој засега не е познат, платил нешто повеќе од 400 илјади евра за безмалку 33 проценти од капиталот на компанијата, што воопшто не е мала сума. 

Од Берзата за оваа блок трансакција известуваат дека се продадени 13.284 обични акции, по цена од 1.858 денари по акција. Па така, вредноста на трансакцијата во денари е 24.681.672 денари или 401 илјади евра. Откупениот дел од акциите изнесува 32,98 процентои од капиталот на компанијата. 

Од Берзата известуваат дека номиналната вредност на една акција е 50 евра. 

Според графиконите кои ги објавува Берзата, може да се види дека досега немало воопшто тргување со акциите на „Галеб“ Охрид, така што не може да се види ни колку досега изнесувала просечната цена на акциите на компанијата.

На веб страницата на акционерското друштво „Галеб“ е наведено дека тоа е авто-транспортно претпријатие, со седиште во Охрид. Формирана е во далечната 1947
година, и како што напишале оттаму, оваа компанија претставува една од најстарите и најреномираните компании
за превоз на патници во земјава.

„Денес ‚Галеб’ е компанија со 100 отсто приватен капитал со 130 вработени – високо професионален персонал. Високиот квалитет на услугата, комфорноста и безбедноста која ја нудат 25 минибуси, 1 панорама, 8 автобус за локален сообраќај и 40 високостандардни автобуси го прават ‚Гале’ неприкосновен лидер во авто-транспортната дејност во републиката“, стои на веб страницата.

Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави. Секогаш актуелни се редовните линии за Белград, Саранда, Валона, Тирана, Нови Сад и Херцег Нови.
Составен дел на компанијата е и современ авто-сервис.

Н.Н.Ф.

Фото: Галеб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy