Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ОД ДУИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА АРТАН ГРУБИ? Кој бара од него „омерта“, прашува Вреди
Македонија

КОЈ ОД ДУИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА АРТАН ГРУБИ? Кој бара од него „омерта“, прашува Вреди

26/02/2026

AA

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите, додека беше во бегство, лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ.

Вистина е дека Артан Груби не е „обичен“ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога „црната кутија“ еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.

Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.

Дали стравот од моментот кога „сенката на Али Ахмети“ ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код „омерта“ за молчење и несоработка со институциите? – се вели во соопштението на Вреди.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На чекор до „роаминг како дома“, Андоновски најави дека Законот

26/02/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ВО СТРУГА Полицијата одзеде возило управувано од

26/02/2026
Македонија

Стоименов од АПИС: Игрите на среќа значително придонесуваат во државната

26/02/2026
Македонија

КОЈ ОД ДУИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА АРТАН ГРУБИ? Кој

26/02/2026
Македонија

Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и

26/02/2026
Македонија

ИСПРАА РАЦЕ ОД СЛУЧАЈОТ „КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРУБИ“ Надзорот не

26/02/2026
Македонија

ЌЕРКА ВИ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНА, Ѝ РЕКОЛ ЛАЖНИОТ ЛЕКАР Пензионерка

26/02/2026
Македонија

84-годишна битолчанка измамена за 9.600 евра – лажен лекар ѝ

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41960
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На чекор до „роаминг како дома“, Андоновски најави дека Законот е готов, се чека потег

26/02/2026

Македонските граѓани и бизниси наскоро би можеле да патуваат низ Европската Унија без страв од високи сметки за мобилен телефон.

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ВО СТРУГА Полицијата одзеде возило управувано од тинејџер

26/02/2026

Шеснаесетгодишник бил фатен како управува автомобил без возачка дозвола при полициска контрола во Струга. Инцидентот се случил на 25 февруари

Стоименов од АПИС: Игрите на среќа значително придонесуваат во државната каса и вработеноста во државата

26/02/2026

Игрите на среќа значително придонесуваат во буџетот на државата, а секторот е еден од најголемите работодавци, вели во интервју Горан

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy