Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој го загадува Скопје? Градот се гуши иако „дежурниот виновник“ не работи
Македонија

Кој го загадува Скопје? Градот се гуши иако „дежурниот виновник“ не работи

19/01/2024

AA

Лош квалитет на воздухот бележи интернет страницата Скопје пулс еко www.skopje.pulse.eco, каде според податоците измерени се 220 ПМ10 микрочестички на метар кубен во местото Теферич, а состојбите се слични и на другите локации низ главниот град, јавува Фактор.мк

Па така, како што пишува порталот, во Центар измерени се 177 ПМ 100 на метар кубен, во Тафталиџе 132 ПМ 10, а во Сарај и Ѓорче Петров измерени се 156 и 157 ПМ 10 на метар кубен.

Ваквата состојба во градот е во текот на изминатиот период, вклучуваќи го и периодот на а празниците. Околу Божиќ состојбата беше алармантна а маглата и смогот дополнително ја влошија состојбата.

Граѓаните на Скопје секоја година се соочуваат со ист проблем, а истиот проблем е и во другите градови. Надлежните наместо со мерки и заложување на јасно лоцирање на проблемот и можните решенија, си ја префрлаат топката, а индрустријата најчесто е посочувана како главен виновник, но се чини не е единствен проблем.

Цементарница УСЈЕ од почетокот на годинава работеше со преполовен капацитет, односно едната печка влезе во редовен ремонт, а од минатата недела во ремонт е и другата печка, што значи дека компанијата не работи, покажуваат податоците од мерењето на емисиите на компанијата кои се јавно достапни, но и покрај ваквата фактичка состојба, Невладината О2 колаиција излезе со обвинување дека токму оваа компанија е најголем индустриски загадувач, а доказ за тоа беа фотографии.

Од компанијата ги демантираа ваквите според нив паушални тврдења и посочија дека „секоја зима компанијата се обвинува без никакви аргументи“.

Оттаму ги повикаа сите невладини организации, институции и граѓани да ги посетат и да се информираат, а истакнаа и дека поседуваат Интегрирана еколошка А дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, а дека сите операции во компанијата се следат со 24 часовен мониторинг на индустриските емисии, од страна на германскиот производител SICK, чија опрема гарантира независно мониторирање на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции.

Извор: Фактор.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy