Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?
Економија

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

15/01/2025

AA

Кавадаречката фирма ГМЛ која е најголем поединечен акционер во РЖ Економика објави дека е подготвена да ги купи сите слободни акции во таа железарска компанија. И тоа да го направи по највисока годишна пазарна цена која изнесува 50 денари за акција. ГМЛ ќе депонира над 260.000 евра за сите акции во РЖ Економика. Со ова се создава можност над 3.100 домашни акционери мали физички лица, кои заедно поседуваат 29 отсто од сите акции да ги продадат по цена од 50 денари за акција

Секој акционер во скопската компанија РЖ „Економика“ ќе може да ги продаде своите акции по цена од 50 денари за акција на кавадаречката компанија ГМЛ ДООЕЛ. Годинава ова е првата најава за јавно превземање компанија.

Кавадаречката компанија ГМЛ, која кон крајот на декември лани стана најголем поединечен акционер во РЖ „Економика“. Поседува 40 отсто од сите акции со право на глас. Втор најголем акционер е скопскиот металуршки гигант „Макстил“ кој поседува 20 отсто од акциите, а трет најголем поединечен акционер е скопската фирма „Фирст Поинт МН“ која поседува 8 отсто од акциите.

Според официјалните податоци кои се јавно достапни од базата на Централниот депозитар во РЖ „Економика“ има над 3.100 акционери домашни физички лица кои сега имаат можност да одлучат дали ќе ги продадат своите акции или останат и понатаму акционери. Понудената цена е 50 денари и, според официјалните берзански податоци, оваа е највисоката цена по која таа акција се тргувала во период од една година наназад. Со оглед на тоа, согласно со законските услови, таа цена и е предложена од потенцијалниот купувач.

Со оглед на фактот што даде намера за јавна понуда сега кавадаречката компанија ќе депонира над 261.000 евра со кои се гарантира дека ќе бидат платени сите акции што ќе бидат запишани за продажба.

Доколку „Макстил“ одлучи да ги продаде сите свои акции во РЖ Економика за тоа ќе наплати една третина од депонираните средства односно 87.000 евра. Околу 37.000 евра се резервирани за третиот најголем акционер односно „Фирст Поинт МН“ доколку реши да ги продаде своите акции. Околу 137.000 евра се резервирани за повеќе од 3.100 мали акционери кои се домашни физички лица.

Како што веќе пишувавме кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември купи 20 отсто од акциите на РЖ Економика и со тоа стана најголем поединечен акционер во таа железарска компанија. Сега ГМЛ поседува 40 отсто од сите акции во РЖ Економика.

На овој линк е намерата на ГМЛ да даде јавна понуда со која ќе ги превземе сите слободни акции во РЖ Економика https://www.mse.mk/Repository/Ponudi%20za%20Prezemanje/RZ%20Ekonomika%2026.12.2024/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%93%D0%9C%D0%9B%20%D0%94%D0%9E%D0%9E%D0%95%D0%9B%20%D1%83%D0%B2%D0%BE%D0%B7%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%20%D0%9A%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%96%20%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5.pdf

Повеќе детали за случувањата во РЖ Економика има и на овој линк https://faktor.mk/kje-gi-ogree-li-sonce-3000-mali-domashni-akcioneri-vo-rz-ekonomika-akcioner-dokupi-20-od-akciite-na-ovaa-zelezarska-kompanija

Н.С.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена

17/08/2026
Македонија

Првa пресудa за 5-те тона марихуана од Македонија во Србија

17/08/2026
Македонија

Случај „Пулс“: Нелегално реконструиран објект без стручен надзор и блокиран

17/08/2026
Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на

17/08/2026
Македонија

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026
Македонија

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат

17/08/2026
Македонија

Проширена истрагата за шверц на марихуана во Србија: Нови седуммина

17/08/2026
Македонија

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции, август и септември историски

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45071
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена е поголема трагедија

17/08/2026

Пожар што изби денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се прошири кон населеното место, зафаќајки

Првa пресудa за 5-те тона марихуана од Македонија во Србија

17/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје го осуди Д.С. на казна затвор од три години и шест месеци за кривично дело „неовластено

Случај „Пулс“: Нелегално реконструиран објект без стручен надзор и блокиран пат за евакуација

17/08/2026

Со распит на градежни вештаци денеска во судот продолжи рочиштето за трагедијата во објектот „Пулс“. Доказната постапка откри низа тешки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy