Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ Е ШТИПСКИОТ МАХЕР ШТО НА СТРАНЦИТЕ ИМ ПРОДАДЕ СТОКА ЗА 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА – работи со кондиторски производи и пецива, еве ги деталите
Економија

КОЈ Е ШТИПСКИОТ МАХЕР ШТО НА СТРАНЦИТЕ ИМ ПРОДАДЕ СТОКА ЗА 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА – работи со кондиторски производи и пецива, еве ги деталите

05/04/2024

AA

Кога е нешто добро, треба и да се пофали. Такви се
финансиските резултати на компанијата „Макпромет“ од Штип, која се занимава со
производство на леб, бели печива и кондиторски производи.

Тие лани покажаа дека знаат како се работи и како од
лебот може да се „измеси“ годишна нето добивка од 428 илјади евра. Резултат за
респект, дотолку повеќе што станува збор за речиси трикратно зголемување на профитот,
односно за цели 184 проценти.

А, дека на компанијата и одело навистина добро,
покажуваат податоците за нејзините приходи од продажбата, кои и донеле вкупно
6,7 милиони евра, сосема солидна сума постигната од основната дејност.

Иако, треба да се напомене
дека во описот на ова друштво стои дека се занимава со производство на
кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и
трговија.

Она што вреди да се
напомене е дека оваа штипска компанија многу повеќе извезувала, отколку што
продавала на домашниот пазар. Па така, на име приходи од продажба на домашен
пазар се регистрирани 2 милиони евра, што е за 6 отсто повеќе во однос на
претходната 2022 година.

Наспроти овие приходи, пак,
од продажба на странски пазари се остварени приходи од дури 4,7 милиони евра, и
овде растот е за цели 30 проценти во однос на една година претходно.

Трошоците за продадени производи и услуги биле 358 илјади
евра, и одземено од нив, бруто добивката на друштвото доаѓа до 6,4 милиони
евра, која, пак, минусирана со административните трошоци кои се околу 6 милиони
евра, ја дава оперативната добивка од 530 илјади евра. Во однос на претходната
година тоа е зголемување за 159 проценти.

И откако на сето ова се додаваат и одземаат финансиските
приходи и расходи, како и расходите за курсни разлики, се доаѓа до добивката
пред оданочување од 457 илјади евра, а, по плаќањето на корпоративниот данок, и
до чистиот профит од над 428 илјади евра.

Миле Атанасов, според
податоците од Централниот депозитар на хартии од вредност, е убедливо
доминантен акционер во компанијата „Макпромет“ и поседува 91,3 отсто од акциите.

Инаку, како што
е објавено на берзата, „Макромет“ АД Штип е основана во 1973 година. Својата дејност ја извршува
преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со
производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива,
графичка индустрија и трговија.

Во
една прилика од компанијата потенцираа дека имаат 163 вработени, но во
најновиот Биланс на успех не се објавени податоците за трошоците за плати за
минатата година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy