Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ќе одговара за уништените јапонски цреши во зелениот појас на Партизанска?
Македонија

Кој ќе одговара за уништените јапонски цреши во зелениот појас на Партизанска?

12/06/2025

AA

Граѓанската еколошка иницијатива o2 реагира поради, како што велат, целосното уништување на дрворедот со јапонски цреши во зелениот појас на булеварот Партизански одреди, пред Рузвелтова. Од иницијативата тврдат дека минатогодишното т.н. „кастрење“ резултирало со сушење на дрвјата, чии препознатливи цветни крошни на пролет веќе не постојат.

„Помина доволно време за да се видат последиците од нестручната интервенција. Дрворедот е мртов, а виновникот сè уште не е посочен“, стои во соопштението.

Според нив, одговорност за состојбата носи ЈП „Паркови и зеленило“, кое е надлежно за одржување на оваа површина. Тие бараат директорот на јавното претпријатие, Сефи Шабани, да утврди кој ја донел одлуката за сечењето и тоа лице да биде санкционирано.

„Не може секој со пила да крои крошни низ градов. Бараме вработување на стручни лица, а не луѓе по партиска линија“, додаваат од o2 иницијативата.

Дополнително, тие бараат оштетените дрвја да бидат заменети со нови, и тоа со истиот вид – јапонски цреши, со што би се вратила автентичната визуелна слика на овој дел од градот.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ засега нема официјална реакција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy