Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ќе брише прашина во државни канцеларии и за тоа ќе наплати 4,55 милиони евра?
Економија

Кој ќе брише прашина во државни канцеларии и за тоа ќе наплати 4,55 милиони евра?

12/11/2024

AA

На тендер за чистење на државни канцеларии, ходници, тоалети, подруми, гаражи и патеки стигнале две понуди, а добитната е пониската за неполни 2.000 евра. За три години компанијата што го доби тендерот ќе наплати 4,55 милиони евра. Проекцијата на СОЗР била дека тендерот ќе чини над 9 милиони евра.

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) избра најдобар понудувач на кого ќе му плати 5,37 милиони евра за три годишно чистење на нешто повеќе од 100.000 квадратни метри државни канцеларии.

На тендерот што СОЗР го распиша за потребите на државната управа се јавиле две компании за чистење односно одржување хигиена. Тендерот го добила „Ланд – сервис“ ДООЕЛ Скопје затоа што ја спуштила понудата за неполни 1.900 евра. Односно го добила тендерот со понуда од 4,55 милиони евра, без ДДВ, за тригодишен договор.

Во спецификацијата е наведено дека компанијата што го добила договорот се обврзува дека ќе чисти вкупно 100.733 квадратни метри внатрешни простории (канцеларии, тоалети, ходници н.з.) за вкупен износ од 5,22 милиони евра. Цената за одржување хигиена на еден квадратен метар внатрешен простор е 75 денари месечно.

Јавната набавка содржи и одржување хигиена на подрумски простории и гаражи. Станува збор за вкупно 17.455 квадратни метри и за секој од тие квадрати „Ланд-сервис“ ќе наплаќа по 7 денари месечно. Вкупната вредност за тоа чистење за три години со вклучен ДДВ изнесува 85.600 евра со вклучен ДДВ.

Најмала ставка во овј тендер е одржувањето на чистотата на надворешни површини пред објектите и патеките кои водат до објектите. За нив „Ланд-сервис“ ќе наплати вкупно 68.250 евра за три години, а сумата е со вклучен ДДВ.

Она што е интересно е тоа дека проектираната вредност на овој тендер била речиси двојно повисока односно изнесувала 9,63 милиони евра. Очигледно е дека двата износи односно проектираниот и добиениот воошто не кореспондираат. А тоа укажува веројатно на лошо планирање на СОЗР.

Уште една интересна работа која вреди да се истакне од тендерската документација и од договорот е тоа што компанијата мора да има осигурителна полиса на осигурана сума од минимум 10 милиони денари. А полисата е наменета да биде обезбедување на СОЗР во случај хигиеничар да направи штета при работењето. 

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41590
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата предложи 9 нови амбасадори

17/02/2026

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања, ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy