
КОЈ Е АЦА БОСАНАЦ, БИЗНИСМЕНОТ КОЈ ЈА КУПИ КУЛАТА ГЕНЕКС: Апсен е поради Веља Невоља
Кулата Генекс во
Белград ја купи Eureka bar d.o.o за 2,4 милијарди динари, односно 20 милиони
евра. Од седумте заинтересирани купувачи, најмногу пари понудила фирмата
на Александар Кајмаковиќ – контроверзен бизнисмен кој поседува бројни
белградски угостителски објекти. Покрај угостителството, Кајмаковиќ пред две
години беше уапсен и поради соработка со Вељко Беливук.
Кајмаковиќ, попознат како Аца Босанац, е сопственик на
ресторанот „Темперамент“потоа ноќниот клуб „Ла Фајет“ на улицата Караѓорѓева,
клубот „Казина“ во Теразие потоа клубот „Театро“ во Сараево, и сплавот „Порт“
кај Ушќе. Списокот не завршува тука, имајќи предвид дека Кајмаковиќ е
сопственик и на кафулето „Кафе театар“ попознато како „Код коња“, потоа на
кафулето „Бутик“ и ексклузивни станови под истото име, а во Скадарлија е сопственик
и на „Три шешира“, „Два гулаба“ и „Златен бокал“.
Исто така, поседува и возен парк, меѓу автомобилите што ги
поседува се и „масерати“, неколку џипови меѓу кои и „хамер“.
Името на Александар Кајмаковиќ за прв пат одекна во јавноста
во 2017 година. Тогаш Жељко Рутовиќ го уапси Предраг Ранковиќ Пецони во хотелот
„Прага“. Причина за пукањето е
ресторанот „Венеција“ во Земун. За ресторанот биле заинтересирани Пецони,
Рутовиќ и Јоца Амстердам. Пецони сакаше да ја земе Венеција, а купувањето
требаше да оди преку Аца Босанац.
Во неговото досие
стои и дека е апсен поради конекции со криминалецот Воља Невоља.
Кајмаковиќ во
2021 година беше уапсен под сомнение дека соработувал со Вељко Беливук. Кајмаковиќ
тогаш беше осомничен за перење пари за Беливук и за користење на „услугите“ на
неговото обезбедување, како и за водење на неговите фирми на свое име, но за
тоа не беше обвинет.
ФОТО: Инстаграм