Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој беше Силвио Берлускони? Политичар и бизнисмен опседнат со фудбал
Македонија

Кој беше Силвио Берлускони? Политичар и бизнисмен опседнат со фудбал

12/06/2023

AA

Силвио Берлускони е роден на 29 септември 1936 година во Милано, а почина на 12 јуни 2023 година во својот роден град.

Како лидер на движењето Форца Италија, Берлускони го постигна првиот значаен резултат во италијанскиот политички живот во 1994 година, само три месеци по формирањето на движењето, кога беше избран во Претставничкиот дом, а потоа назначен за премиер по општите избори. .

По 9 месеци на власт, неговата влада пропадна поради несогласувања со коалициските партнери. Меѓутоа, на општите избори во 2001 година, Берлускони, како кандидат на десниот центар за премиер, го победи кандидатот на левиот центар Франческо Рутели, по што остана на власт до 2006 година, кога загуби на изборите од Романо Проди.

Сепак, тој повторно победи на општите избори во 2008 година, а по третпат положи заклетва како премиер на 8 мај 2008 година.

Откако го загуби мнозинството во парламентот поради фискални проблеми поврзани со должничката криза, Берлускони поднесе оставка како премиер на 16 ноември 2011 година.

Берлускони беше сопственик и основач на медиумски компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“, а неговата кариера во сите области ја одбележаа бројни скандали. Сепак, поради неговата ексцентрична природа, Берлускони беше сакан надвор од границите на Италија.

Тој беше претседател на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2004 година и има култен статус меѓу навивачите на Росонерите, бидејќи некои од најголемите успеси на клубот беа постигнати под палката на Берлускони.

Според Форбс, богатството на Берлускони се проценува на 7,3 милијарди долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Венс: САД не се во војна со Иран, туку со иранската нуклеарна програма!

22/06/2025

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека САД успешно ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и додаде дека американскиот претседател

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy