Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ја презеде најголемата очна болница во Македонија?
Економија

Кој ја презеде најголемата очна болница во Македонија?

26/12/2023

AA

„Промедика“ е новиот сопственик на „Систина Офталмологија“, најголемата очна болница во Македонија, дознава „Фактор“. Инаку „Промедика“ веќе има своја офталмолошка клиника, што значи дека овој бизнис потег води кон големо окрупнување во приватното здравство.

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ е единствениот очен центар со пет дијагностички центри: Скопје, Битола, Тетово, Штип и Куманово, кои функционираат како посебни правни лица, а како сопственик во јавноста фигурира поранешниот министер за економија Жанко Чадо.

Чадо во 90-тите години, покрај тоа што беше еден од поранешните министри за економија, беше и човек во тој период главно на водечки функции во државата и директор на големи компании. Тој беше директор, а воедно и еден од поголемите акционери – сопственици на Алмако Банка, една од првите приватни поголеми банки на почетокот од транзицијата. Во 1999 банката отиде во стечај.

„Систина Офталмологија“ има и договор со Фондот за здравствено осигурување, од каде што месечно инкасира и до 50.000 евра. На годишно ниво се заработува околу половина милион евра само од здравствените осигуреници.

Посебниот центар „Промедика Офталмологија“ е формиран на почетокот на годинава, а од минатиот месец функционира и „Промедика Оптика“. Посебни центри на „Промедика“ како правни лица функционираат и поликлиниката за примарна здравствена заштита „Промедика Прима“ од 2007 и поликлиниката за специјалистичко консултативна здравствена дејност „Медикал Центар“ од 2006.  „Медикал Естетик“ работи од 2010, а „Промедика Фарм“ од 2006.

„Промедика“ е веледрогериски и повеќенаменски медицински центар, основан со приватен капитал во 1996 година од генералниот директор Ристо Лузевски. Во оваа компанија, која под своја закрила освен медицински и естетски центар и аптеки, има и веледрогерија која е партнер на реномирани мултинационални компании од областа на фармацијата, медицината и стоматологијата. „Промедика“ е дел од групацијата на Универзитетската клиника „Свјетлост“ од Загреб.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy